Има 92 килограми и е плус – сајз манекенка за која сонуваат мажите од целиот свет
Плус-сајз манекенките ја променија модната индустрија.
Кендис Хафин е една од нив. Таа е позната плус-сајз манекенка која знае како да се носи со своите 92 килограми. Таа им припаѓа на генерацијата модели кои засекогаш ја променија модната индустрија.
Фотографиите на оваа плус-сајз манекенка го освојуваат интернетот – ме малтретираа како дете >>
Покрај Кендис тука треба да ги споменеме и Ешли Грејем и Искра Лоренс кои на целиот свет постојано му покажуваат дека женската убавина има и други страни покрај оние кои со години ни ги прикажува и ни ги наметнува како стандарди модната индустрија.
Атрактивната бринета и нејзините колешки постојано не потсетуваат дека треба да се прифатиме себеси онакви какви што сме, но и дека треба да се грижиме за нашето здравје. Тие истакнуваат дека водат грижа за својата исхрана и дека постојано тренираат, но и дека се предодредени за покрупна градба, па доколку би сакале да изгледаат како стереотипите тоа лошо би се одразило на нивното здравје. Ова важи и за многу други девојки.
Но, Кендис и со своите 92 килограми е мошне успешна како модел. Таа во 2015 беше првата плус-сајз манекенка која се појави на календарот на Пирели, а досега со својот извонреден сексапил и облини ги има освоено симпатиите на голем број мажи од целиот свет.
Некои ја обвинуваат дека раскошните облини и ваквиот изглед го промовира само за да заработи пари. Но тоа и да е точно, Кендис и останатите плус-сајз манекенки се вистинско освежување во модата, но и на полето на вистинската женска убавина.
Што мислите вие?
Во овие необични панталони на Клои Кардашијан вашиот задник ќе изгледа совршено >>