Има 42 години и сѐ уште е невина – во животот бакнала само двајца мажи, а сега има план целосно да се промени!

Само трипати во животот излегла на состанок, а никогаш никој не ѝ рекол дека ја сака.
– Повеќето девојки ја губат невиноста уште во средно училиште, но јас едноставно бев „бубалица“. Бев совршено среќна кога после училиште можев да си одам дома и да гледам телевизија и да учам – раскажува Мишел во емисијата „Virgin Diaries“ на TLC телевизија.
Во својот живот, Мишел бакнала само двајца мажи, трипати излегла на состанок и никогаш не слушнала „те сакам“.
Ниту една Нова година не ја прославила со маж, а никогаш не водела љубов. Таа има 42 години и сè уште е девица.
Сепак, не се откажува од надежта дека ќе најде партнер, иако признава дека едноставно „заборавила да ја загуби својата невиност“.
Advertisement
– Отсекогаш бев недруштвена. Додека другите одеа на факултет, јас не сакав – најсреќна бев кога со мама за викенд гледавме телевизија или готвевме заедно – вели таа.
Бакнала само двајца мажи, а како што самата признава – никогаш не видела гол маж.
– Сум се обидела да имам врска, но кога ќе дојдеше моментот за бакнеж, на крајот од вечерта ќе ме фатеше толку силна паника, што дури и повраќав – открива Мишел.
Уверена е дека токму недостатокот на искуство и фактот што го криела тоа е причината за нејзината ниска самодоверба. Затоа решила да организира забава за своите пријатели и семејството – и да им ја открие својата тајна.
– Се надевам дека споделувањето на вистината ќе разбуди интерес кај некого. Дефинитивно не планирам да умрам како девица. Мислам дека повеќе се плашев да ја признаам вистината отколку од самиот интимен однос – изјави таа пред забавата.
На нејзино изненадување, нејзините пријатели и семејството ја прифатиле веста со одушевување, а неколку мажи дури ѝ рекле дека нејзината невиност ја сметаат за привлечна.