MAMAДом и семејство

Им смрди – бегаат што подалеу! Овој евтин производ најмногу ги одбива змиите од вашиот двор

Дали знаевте дека една миризба особено им пречи на змиите?

Advertisement

Со потоплите денови доаѓа и зголемена опасност од змии, па многумина се прашуваат како да го заштитат својот двор и околината од овие опасни влекачи.

Дали знаевте дека една миризба особено им пречи на змиите?

Advertisement

Стручњаците препорачуваат користење на нафталин како ефикасно средство за заштита од змии. Мирисот на нафталинот е толку непријатен за нив што тие избегнуваат места каде што тој е присутен.

Користењето е многу едноставно: пресечете пластично шише, ставете нафталин внатре и поставете го на повисоко место од земјата. Така нема да се измие од дождот, а мирисот ќе се шири пошироко – и змиите ќе го заобиколат тоа подрачје.

Но, ова не е единствен начин за одбрана од змии. Еве уште неколку корисни совети:

Advertisement

Отстранете неред и ѓубре – змиите сакаат густа вегетација, листови и купишта отпад. Одржувајте чист двор.

Оградете го дворот – со ситна мрежа која е доволно висока и цврста.

Користете природни репеленти – костен, лаванда, лук и еукалиптус. Засадете ги или користете ги како етерични масла.

Редовно проверувајте го имотот – подруми, шупи и скриени места често се засолништа за змии.

Косете ја тревата редовно – ниската трева не им дава можност за криење.

Примената на овие совети значително ќе ја намали веројатноста да се населат змии во вашиот двор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button