Реклама
Celebrity

Илон Маск сподели сочни детали од врската со глумицата Амбер Херд – помирување на повидок? „Многу се сакаме“

Технолошкиот магнат споделува детали за неговата романса со актерката Амбер Херд на неверојатно искрен начин.

Реклама

Илон Маск лесно успева да се најде во фоксуот на интересот на новинарите и тоа често за различни теми.

Иако најчесто е познат по технологијата, и по политиката што ја спроведува, неговиот љубовен живот исто така често доаѓа во фокусот.

Извршниот директор на „Тесла“ има 13 деца од четири различни жени, а неодамна, за време на прес-конференција, беше забележан со едно од неговите помали деца како го носи на рамената, додека претседателот Трамп седеше на бирото покрај него.

Маркетинг

Сега, темата е неговиот љубовен живот за кој зборувал, споменувајќи особено една славна личност – глумицата Амбер Херд, позната и по скандалозниот развод со Џони Деп.

Маск првпат се заинтересирал за актерката од хит-филмот „Аквамен“ откако ја видел во филмот Machete Kills од 2013 година.

Маркетинг
принтскрин Инстагра, Амбер Херд

Сепак, нивната романтична врска стана јавна дури по разводот на Херд во 2017 година.

Детали за нивниот однос се споделени во овластената биографија на Маск од 2023 година, напишана од Волтер Ајзаксон, со наслов „Elon Musk“.

Книгата открива дека нивната едногодишна врска била нестабилна, со многу прекини и помирувања. Но многу страсна.

Во книгата, Маск многу отворено ја опишал својата врска со Амбер.

„Беше брутално,“ му рекол на авторот, Ајзаксон.

Во раните фази од нивната врска, тие се обидувале да го усогласат зафатениот работен распоред, а Амбер понекогаш го изненадувала Маск со посети во фабриката Тесла во Калифорнија. И Маск, исто така, ја посетувал Амбер во Австралија додека таа го снимала „Аквамен“.

Една од работите што ги поврзувала била нивната заедничка љубов кон „гејмерството“ и „нерд“ културата.

Зборувајќи за својот „гејмерски“ карактер со Ајзаксон, Амбер признала:

„Претпоставувам дека можам да се наречам гејмерка, но истовремено и згодна девојка.“

И покрај нивната страсна поврзаност, врската завршила по помалку од една година, бидејќи преполните распореди ги натерале да се разделат.

Денес, двајцата се повторно во добри односи. Маск за нивното раскинување, објасни:

„Иако Амбер и јас раскинавме, сè уште сме пријатели, остануваме блиски и се сакаме. Врските на далечина, кога двата партнера имаат интензивни работни обврски, секогаш се тешки, но кој знае што носи иднината.“

Во биографијата на Ајзаксон, Амбер споделила:
„Многу го сакам. Илон го сака огнот, а понекогаш огнот и го изгорува.“

Нивната врска наводно започнала во 2016 година на Мет Гала, кога Херд била оставена на цедило од нејзиниот тогашен сопруг, Џони Деп.

Актерката зборуваше за овој настан за време на судскиот процес со Деп, кој следеше по нивниот развод.

„Стоев во ред, точно пред еден господин. Тоа беше Илон,“ се присетува таа. „Не го препознав сè додека не почнавме да зборуваме. Ме потсети дека сме се сретнале претходно, кога бил со неговата мајка.“

Според најновите шпекулации, многу е веројатно помирување меѓу двајцата поранешни партнери.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button