Кога ќе се појави некаде сите се вртат по него, неговото присуство не поминува незабележано на ниту едно јавно појавување на кое присуствувал, веднаш се слушаат шепкања за тоа како е облечен, поради неговата екцентрична појава станува еден од најозборуваните радиоводители кај нас и е една од главните чаршиски теми.
Приватна архива
Се што е ново, поразлично привлеува внимание. Јас сум среќен што е така, затоа што јас не сум банкар, па да не треба да привелувам внимание, јас сум шоумен, така да тоа е многу нормално луѓето како мене кои се замимаваат со шоу-бизнис да привлекуваат внимание.
Маркетинг
Тој е радиоводител во „Метрополис радио“, ја води емисјата „Ти реков, ми рече“ која можете да ја следите и на јутјуб како поткаст. Како домаќин на емсијата тој гостите ги пречекува во облека која за многумина е храброст, лудост, уникатност…
Приватна архива
Младото 21-годишно момче потекнува од угледно скопско семејство, моментално е студент, но не ни откри на кој факултет. Давид нема влакна на јазик, има самодоверба до небото и многу идеи и планови за успешна кариера.
Приватна архива
Kој е всушност Давид Давидовски приватно?
Давид Давидовски е роден на 23.06.2002 година во Скопје и за разлика од многу мои колеги можам да се “пофалам” дека потекнувам од старо, угледно скопско семејство, сите мои предци се родени во Скопје. Приватно сум тотално различен од тоа како се појавувам, односно како народот ме доживува на сцена. На сцена сум онаа контроверзна ѕвезда Давид кој се бори за естрадата, кој секогаш го кажува тоа кое другите не смеат да го кажат, сака драми, прави драми, пее, скока, глуми…
Приватна архива
Луѓето или ме мразат до коска или ме сакаат до болка, кај мене нема средина, вели Давид.
Додека, па во приватниот живот сум нешто сосема поразлично, многу сум мирен, досаден, некој кој сака да помага на сите будали околу мене, братски сум поставен кон сите, иновативно размислувам за различни бизниси и проекти кои наскоро ќе ги остварам и во главно се занимавам како ,,борец за човековите права”. Давид заврши гимназија и сега студира.
Приватна архива
Што сакавте да бидете кога бевте дете, дали ова беше вашата желба?
Како мал сакав да сум тоа што сум денес. Екстремно сум талентиран за глума, па можам за себе да кажам и дека сум најдобриот актер во Македонија, сакав пеење, талентиран сум за танц, имам убав длабок радиофоничен глас, по природа сум мангуп кој се разбира во многу општествени теми и збирот на сите овие таленти е професијата водител или шоумен. Така да сите мои желби и таленти кои сум ги гаел како дете ги уживам денес.
Приватна архива
Како влеговте во новинарскиот свет?
Уф, интересно прашање, на мои 18 години одлучив да направам тв-емисија но за жал помош побарав од многу нечесни преваранти од естрадава кои сакаа само да ме искористат и сексуално и финансиски. Можеби сум имал 18 години, но мојот мозок работел како да имам 28 години во тој момент и сум ги откачил народски кажано тие луѓе.
Универзумот или господ ме награди со запознавањето со човекот кој многу го почитувам и сакам, мојот втор татко, кралот на медиумите, најдобриот пејач и најубавиот маж на светот(после мене секако ахаха), Дарко Гелев-Брејк.
Ми подаде рака, ми даде да водам емисија во удрен тајминг на најслушаното радио во Македонија, а тоа е метрополис радио. Ме поддржа кога започнав со јутјуб емисијата односно најдоброто талк шоу во Македонија, а тоа е ,,Ти Реков Ми Рече”, која е под продукциски кров на метрополис.
Приватна архива
Што досега научивте од искуството со јавните личности?
Научив дека никогаш, ама никогаш не треба приватно да се дружам со поголем број на јавни личности. Затоа што одреден број на јавни личности се многу поразлични од тоа како се ескспонираат во јаноста. Има многу суета на нашава естрада! Но јас тоа ќе го искоренам, јас сум “татко на македонската естрада”! Сепак морам да кажам дека на нашата естрада има и добри луѓе, скоро сите ѕвезди кои гостувале кај мене во емисија се добри луѓе кои јас бесконечно многу ги почитувам и сакам!
Приватна архива
Дали, можеби сте во конфликт со некоја славна личност од Македонија
Да, во конфилкт сум со неколку јавни личности. Тоест тие со во конфликт првенствено со самите себеси. Две години сум на естрадава, има јавни личности кои не ме ни познаваат приватно, а сакаат да ме уништат само и само дека сум поразличен, убав, згоден, модна икона, талентиран шоумен и новинар, па сето ова ги ититира.
Приватна архива
Kоја сопка во животот ја сметате за најтешка?
Многу водители ме мразат, бевме сведоци како Зоки фаци ме навредуваше јавно со погрдни зборви, па незнам Миро Кацаров ме рчкал на времето, имало пејачи кои се срамеле од мене во контекст дека им е срам да ги видат во емисија или присуство со Давид Давидовски, затоа што е “откачен”, “педер”, “разголен”…
Јас сум само модна икона и водител кој на пример во Америка би бил награден со Оскар!
Приватна архива
А денес кога изградив бренд од своето име и од својата емисија, сите тие пејачи, пејачки ме молат да ми гостуваат во емисија со цел да се промовираат! Ама јас сум човек со брз и остар јазик, но сепак со големо срце, па на сите им опростувам, животот е краток треба да го живееме во слога.
Приватна архива
Какво е вашето мислење за познатите личности во Македонија?
Голем број на наши јавни личности, живеат обично, се оговараат, лажат, се занимаваат со ,, рекла казала”, ја немаат онаа “естрадна нормална ароганција”, своите животни проблеми ги кажуваат на сите, се брукаат пред сите, модно не се истакнуваат како славни, ако ме слушаат мене ќе го живеат ,,светот на славните”.
Приватна архива
Ќе ни откриете ли зошто одбивте да бидете дел од „Задруга“?
Да секако! Затоа што пред се не сакам да го напуштам Метрополис, не сакам да ја прекинам и мојата јутјуб емисија, не сакам да ја напуштам и мојата публика па да гледа некои глупости наместо ,,Ти Реков Ми Рече”-шоу. Задруга е најбизарното реално шоу кое се емитува на национална фреквенција. Реално шоу во кое немаат ни хигиенски услови, ниту било какви нормални човечки услови за нормален пестој. Реално шоу во кое физичкото насилство е дозволено, шоу во кое учествуваат најголемите ,,екс ју” криминалци и најглупите луѓе на свет кои немаат прочитатно ни еден пасус во животот.
Приватна архива
Шоуто трае 10 месеци, не знам дали би можел да издржам без секс, а и не сакам да ја напуштам Македонија, иако продукцијата на ТВ Пинк ми понудија неделен хонорар од 3000 евра.
Како ви тече лето 2023 .? Каде бевте на одмор и со кого?
Убаво лето во секој случај, бев со моето семејство до кај нашиот јужен содед, бев во Турција со една убава, но сега за сега ќе остане и мистериозна личност, до крај на летото сигурно ќе одам уште некаде со некоја друга убава мистериозна личност.
Приватна архива
Делувате многу педантен и негуван. Дали имате псоебен третман во лето за кожа?
Фала Ви! Ги користам производите од моите пријатели, револуцијата на органската козметика-сиора. Тие се задолжени за мојата негувана кожа, а за косата булвално не се грижам, само ја уништувам, ама ќе морам да се погрижам за неа, за да не ја изгубам аххахах.
Приватна архива
Вашиот стил на облекување е можеби најголемата дилема за публиката. Како вие ќе го опишете вашиот стил?
Дрга публико, јас сум човек со екстравгантен стил на облеување, просто таков сум роден! Заљубен сум во високата мода, носам светски трендови, јас создавам модни трендови, нашиот народ малку касни со се, па така и со модата, класичната досадна гардероба е се уште заглавена на нивните тела, но боже мој да сме живи и здрави. Само барам да бидам почитуван, толку!
Приватна архива
Од кога почнавте да се облекувате поинаку?
Почнав да се облекувам со висок стил односно се трганав од ограничената маса на луѓе, на мои 15 години, кога започнував да се запознавам себе си.
Од кого ја имате најголемата поддршка?
Од моето потесно семејство односно кралицата и кралот на мојот живот мајка ми и татко ми, од мојот “ментор” Брејк, од неколку јавни личности, сега сакам да ја издвојам мојата другарица и колешка Милена Антовска.
Приватна архива
Дали сте заљубен?
Да заљубен сум, секогаш сум заљубен.
Ви пречи ли тоа што ве декларират во геј популацијата, а имате нагласено дека имате девојка?
Од кога тоа облеката ја озаначува нечија сексуална определба?-Да во неколку мои гостувања, па и кај мене во емисија сум кажал и поторно ќе кажам, јас не сум геј! Геј луѓето не се облекуваат супер модерно како Давид Давидовски! Мометално имам повеќе девојки или швалерки кои се гледам и забавувам, во официјална врска не сум.
Приватна архива
Дали „Ти реков, ми рече“ продолжува?
Па дали е можно најдобрата емисија на сите времиња да не продолжи? Се разбира продолжува од септември, можно е да се емитува и на тв покрај јутјуб. Можам да отријам дека во самата содржина на емисијата ќе има многу измени, ќе има многу водители од Македонија и од цел Балкан кои ќе водат заедно со мене, започнувам со една згодна водителка од Црна Гора. Многу балкански ѕвезди како и нашите македонски ѕвезди ќе гостуваат, а и ќе удрам акцент и на други социјални и општествени теми.
Приватна архива
Публиката ме сака,како и јас неа, моите фанови односно мојата армија сакам да ја поздравам во оваа прилика, така да се гледаме од септември! И вечно ќе бидам благодарен на мистер Брејк кој е оптимистички настроен спрема мене и верува во мене додека другите сакаат да ме закопаат!