Игор никогаш поемотивен, оваа жена по заминувањето на родителите му е сé во животот, неизмерно ја сака
Џамбазов ја обожава оваа жена...

Преубава честитка
Нашиот познат актер и еден од најголемите шоумени во историјата на нашата земја, како и пејач и писател, Игор Џамбазов, сега ја покажа и својата романтична страна, за една посебна личност.
Имено, Џамбазов ја напиша својата најемотивна порака, а истата е наменета за најважната жена во неговиот живот.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Станува збор за неговата сестра, а пораката што ја остави на својот Инстаграм кажува колку Џамбазов ја сака и почитува.
Неговата сестра Тања Џамбазова, која веќе со децении живее во Америка, славеше роденден, и тоа јубилеен.
Принтскрин/ Јутуб
Таа наполни 60 години, а Џамбазов во својата порака за неа вели дека иако е илјадници километри далеку од него, таа е тука за него секогаш кога треба, нешто што тој нема никогаш да ѝ го заборави.
„Откако си отидоа Анче и Ацо, таа ми е и мајка и татко, и другар и ортак, и лекар и банкар“, пишува Игор во емотивната порака.
Целата негова порака прочитајте ја во продолжение:
Потсетуваме, сестрата на Џамбазов е архитект по професија и веќе три децении живее далеку од Македонија.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Таа пред повеќе од три децении замина во САД, а по професија е архитект и долги години работеше во една од најпознатите компании за софтвер во Сан Франциско.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Но покрај нејзината успешна кариера на професионално поле, и Тања како и нејзиниот брат има наследено уметнички гени од своите родители, но и од нивниот легендарен дедо, Петре Прличко.
Па така во 2016 година таа сними три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, сопругата на Бертолт Брехт. Исто така таа постојано и патува, а посебно место во нејзиното срце отсекогаш била Африка.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
И како што вели Џамбазов за неа, Тања е покрај него секогаш кога треба, за што сведочи и изненадувањето што му го приреди пред десетина години. Имено, Тања ненајавена се појави на промоцијата на неговата книга „Умрен човек“, кога со книга го сокри лицето и стоеше во редот со останатите кои чекаа нејзиниот брат да им се потпише во книгата.
И кога Игор виде кој дошол на неговата промоција, следуваше најубавата и најемотивната сцена во нивните животи.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
И двајцата пискаа од радост и понесени од емоции пуштија и по некоја солза, а сите останати беа збунети и не знаеја што се случува.
Но љубовта помеѓу брат и сестра навистина може да биде голема, а овие двајца се совршен пример за тоа потсетувајќи ги и сите останати колку е важно семејството, без разлика на оддалеченоста.