Реклама
NEWSВести

Игор Југ нe дочека да си го види неродениот син – Солзите не запираат од блиските кои се простуваат денеска со него!

Реклама

Смртта на еден од осудените за случајот „27 април“ ја вознемири одново јавноста. Игор Југ на 54 годишна возраст почина на 6 февруари од срцев удар, како што пренесоа повеќето медиуми.

Југ пред да почине на Фејсбук одбјавил два поста кои се трогателни.

Во првата објава посветена на роденденот на неговата ќеркичка тој пишува за тоа дека таа израсна додека татко ѝ беше во затвор. Ја советува за лошите чичковци кои го сместија таму.

Маркетинг

Југ во оваа објава открива за пошироката јавност дека неговата сопруга е бремена во второ дете, обраќајки ѝ се на малата ќеркичка дека и нејзиното неродено братче го чека иста судбина коешто наскоро треба да се роди.

Оваа објава натажи многумина.

Маркетинг

За жал, Југ никогаш нема да го види својот син.

Во другиот пост кој Југ го напишал непосредно пред неговата смрт тој зборува метафорички за две одела коишто ги поседува во орманот. За едното коешто одмана не го облекол и ретко кој го знае, но вели во објавата дека изгледа е време да го облече.

Голем број роднини, пријатели, познаници… на социјалните мрежи испраќаат последен поздрав за Игор Југ, жалејќи за неговата судбина. Сочувствуваат со неговото семејство.

Денеска во неговото родно Куманово беше неговиот погреб.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button