Интервју

Игор Димовски во интервју за Гламур го најавува „Пауза за Ракија 4”

Во проектот “Пауза за ракија” се внесов 100% и ќе звучи брутално, но бев спремен да загинам за она што го правам вели Игор Димовски за Гламур

Реклама
Реклама

Игор Димовски е препознатлив по проектот  “Пауза за ракија”, виртуоз  на хармоника, композитор и аранжер. Неговите  почетоци се некаде во неговата  6-та година кога  добил еден мал синтисајзер на поклон од неговиот  чичко,  а подоцна добил и мала хармоника. Училиштето за музика го отварил  на  20 години, и паралелно студирал и работел. Тој за Гламур го најави многу скоро и проектот  ”Пауза за Ракија 4”.

Приватна архива

Препознатливи сте по Вашиот проект  “Пауза за ракија” кој започна некаде во 2020 година и го создадовте во време на ковид,  има и многу прегледи на јутјуб, од каде идејата да направивте  еден ваков проект?

Всушност првиот дел “Пауза за Ракија” излезе само еден месец пред да започне пандемијата. Оваа идеја стоеше во мене многу долго, можеби со години и е искуство од сите мои настапи каде анализирав што поминува меѓу публиката а што не и на кој начин треба да се направи сето тоа. Најпрво сакав да предложам на некои од македонски изведувачи – пејачи да биде носител на ”Пауза за Ракија” но подоцна сфатив дека цел мој труд ке препишам на туѓо име и дека самиот ке бидам во втор па ако не и во трет план и не згрешив во тој поглед што го ставив своето име и презиме на овој проект.

Маркетинг

Очекувавте ли толку гледаност ?

Да бидам искрен кога започнав со стратегијата за снимање на овој проект не размислував на интерес, прегледи и материјални нешта. Се внесов 100% и ќе звучи брутално, но бев спремен да загинам за она што го правам. Еден ден му се јавив на мојот пријател Александар Кипровски (гитарист и продуцент)  му реков ке дојдам кај тебе во студио стави кафе. Од прилика му кажав што планирам, тој само кажа “ке работиме”. Беше многу мачно и тешко понекогаш, остануваме и по 24 саати во студио, бришевме и преснимувавме матријали по 100 стотици пати, јас многу често велев во шега “Сале ке ја препознае ли публиката нашава мака” но на крајот излезе дека навистина публиката го препознава она за кое гинете во буквална смисла.

Досега има три изданија, во што се разликуваат и која според вас е најдобра?

Да, има 3 изданија. Секое од нив има своја приказна и убавина, правени се со истиот мастраф. И јас самиот секогаш бев љубопитен кое од нив е најомилено на публиката и најчесто слушам критики  дека најомилена е “Пауза за ракија 2”. Веројатно дека во овој дел има како Македонски така и хитови од ЈУ просторите и е снимено на едно од најубавите места Св. Наум каде водата ја даде својата магија во приказната.

Маркетинг

Ќе ни откриете ли нешто повеќе за ”Пауза за ракија 4”  и кога ќе излезе?

”Пауза за Ракија 4” е во завршна фаза, видеото и аудио делот се веќе снимени, сега внимателно се едитира и анализира и контролира, ке биде поинаква од другите, има филмско сценарио и ке трае 40 мин. Снимено е повторно во Охридскиот крај на повеке локации, изведено е во симулација на “Одење по невеста” снимано е во селото “Ботун” Дебрца, тоа е родното место на моите предци и ми е исклучително драго поради тоа, Пештани, Охрид и повторно Св Наум. Запазени се многу македонски традиционални обичаи и адети во ова издание на ”Пауза за Ракија” каде публиката и љубителите на овој проект ке можат да ги забележат, многу сум среќен што ова издание го снимам токму во моето ново студио “ИД АКУСТИК” каде овој проект ќе биде првенче.

Виртуоз сте на хармоника композитор и аранжер, од кога свирите хармоника кои се вашите почетоци и од каде талентот за музиката?

Моите почетоци се некаде во мојата 6-та година, добив еден мал синтисајзер на поклон од мојот чичко, по цел ден пробував и експериментирав со него, подоцна добив и мала хармоника од наши комшии, јас немам никој кој е музичар од мојата фамилија иако мојата мајка е многу музикална и често кога нешто работам знае да искритикува дали е тоа добро или не, моите родители приметија дека давам некакви сигнали на музикалност и сум им многу благодаран што преземаа мерки и ме однесоа кај прав професор.

Приватна архива

Додека сте студирале сте го отвориле и приватното музичко училиште како успевавте да одговорите на сите ангажмани?

Да, училиштето за музика го отварам на возраст од 20 години во втората година од моите студии, во тој период студирав и работев паралено а исто така и настапував. Јас живеам за музика и не ми е тешко да го правам тоа. Во моментов за жал не се бавам со педагошка дејност поради многу ангажмани и патувања што не значи дека понатаму нема да го правам и да оставам наследници позади мене.

Приватна архива

Покрај сите обврски колку имате време за себе и семејството?

Времето денес е многу скапо и тешко се наога, во секој случај време мора да се најде за фамилијата и најблиските, лугето кои не подржуваат и се околу нас, се многу важни.

Дали вашата ќерка има талент за музика?

Мојата ќерка Јана е многу музикална и музички интелегента, на своја 2 годишна возраст пееше песни од Смиља Митревска во интонација, свири на пијано и виолина и често ја преслушувам и контролирам. Нема да и наметнувам да се бави со оваа професија доколку самата не сака, ова е професија која и не е баш така лесна како што изгледа, постојат многу падови, рампи и разочарувања кои човек треба да биде  многу  јак за да ги прими.

Приватна архива

Имате доста настапи кај нас но дали има заинтерсираност за надвор од земјава?

Да, не можам да се пожалам, настапи има дури и премногу. Заинтересираност за настапи има и надвор од државата, пред неколку месеци имав Австралиска турнеја речиси во сите градови каде има наша дијаспора, помина со многу посетеност и одлични критики од публиката. Овој месец имам настап во Измир Турција, потоа Петрич Бугарија.

Што Ве прави среќен и каде ги полните батериите?

Батерии полнам најмногу во моето музичко студио, возам точак и спортувам често, знам да отидам на еден или два дена во моето родно место “Ботун” и да уживам со тамошните пријатели.

Што Ви недостасува на Вас музичките уметници кај нас?

Најнапред недостасува самите музичари да го кренат нивото на професионализам и да инвестираат во себе а потоа да имаат некакви очекувања. Недостасува повеке музички емисии, недостасува промоција. Од друга страна голем дел од македоските изведувачи – пејачи  не даваат некои новитети или нешто што ке ја предизвика публиката да ги слуша, имаме доста таленти на ова поднебје, доволно е само да се стави глава кај соседите и да се види како тоа се прави преточено во бизнис, публика има и секогаш ке има, но треба да влеземе во нивните уши и да предвидиме што сакаат да слушнат од нас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button