Нашата најголема ѕвезда, омилениот лик меѓу сите генерации, човекот кој знае да ја насмее публиката, човекот кој умее да ја расплаче публиката, оној кој ќе ги натера сите да шизаат и пеат во еден глас. Неговата енергија е незаменлива.
Приватна архива
Ни претставува огромно задовослво што имавме прилика да се сретнеме со нашиот Игор Џамбазов!
Искрено, со Вас, не знам од каде попрво да почнам и што попрво да Ве прашам. Со оглед на тоа што поводот за ова интервју е одбележување на 30. годишнината од вашето творење заедно со Гуру Харе, веднаш ќе ве прашам како течат подготовките и што ќе ни ветите за оваа вечер?
Приватна архива
Е па, на 21 октомври во „Македонската Филхармонија“ ќе се одржи концертна промоција на албумот „Првите триесет“ кој со гуруто го издадовме во јули месец.
Приватна архива
Ќе го отсвириме комплетниот материјал од албумот, како и некои стари, добри, познати синглови. Ќе биде славенички концерт. 30 години блуз љубов со Харе, што е навистина за славење, и мојот 60ти роденден (што и не е баш за славење).
Триесет години истрајност на сцената, 30 години соработка, создавање музика, но пред се 30 години пријателство со Гуру Харе. Ќе бидете ли дарежлив да споделите некоја ситуација со нас, нешто на што се навраќате како убав спомен или можеби момент на кој се смеете ден -денес. Се сеќавате ли на првиот момент кога се запознавте?
Со мојот Гуру се запознавме некаде 1989-90 година. Тој настапуваше по клубовите со момците од „Банкрот блуз бенд“, а јас сам со гитарата ги свирев најголемите хитови на балканскиот рокенрол.
Некоја година подоцна настапивме на истиот „Макфест“, тие со „Моја гитаро“, јас со „Време за плачење“, и тука некаде тргна дружбата која круниса со негово гостување на мојот прв албум, каде што отсвири соло за мојот прв блуз што се осмелив да го објавам. „Тие“. И ден денес со радост ја свириме. А текстот е како вчера да сум го напишал. И така почнавме. Ја направивме и „Да си жив и здрав, па Спиро блуз…создадовме бенд и почнавме со концерти. И така 30 години…
Приватна архива
Како функционираат двајца Игоровци? Кој го има клучниот збор? Кој за што е определен во вашето дејствување? Колку често се слушате… Раскажете ни нешто повеќе околу вашата соработка.
Ние сме акционерско друштво со 50-50 проценти во сите сегменти. Нема шеф, директор, подреден, надреден. Нема кавги, суети. Не се сеќавам дека за 30 години сме повисшле глас еден на друг. Дури ни во најкреативните моменти.
Приватна архива
Сепак Харе го има пресудниот збор околу аранжманите, звукот на бендот, организација на проби, снимања.
Приватна архива
А јас како позната и призната инфлуенсерка сум Пи-Ар…хехехе…функционираме одлично. И немаме намера да престанеме…а и уживаме во сето ова. Се уште. Харе и јас пред едно 20 години воведовме и една институција во нашата дружба која ја нарековме „самосебезавидување“. Значи, си завидуваме самите себе си колку ни е добро…
Игор, како една сеприсутна личност , кога си дозволувате себеси одмор? На кој начин изгледа едно ваше релаксирање?
На одмор не сум бил повеќе од 20 години. Но еве, баш сега додека го правиме интервјуто, јас се наоѓам во Куманово спа, каде што дојдов на рифреш,рестарт и ресет на душа, тело и мозок…иако живеам во Дојран, се уште сакам да пронаоѓам и да посетам нови убави места низ Македонијава, кои нудат релакс програма. А ги има се повеќе такви..
Приватна архива
Што е за вас љубов?
Следното прашање ве молам. Љубовта за мене заврши откако ме отпишаа од планинарското. Остана љубовта и почитта кон самиот себе. И доволна ми е.
Покрај концертот, периодов, активни сте и на други страни. Да ја искористам приликата и да ве прашам зад кои други проекти ќе го има вашиот потпис?
Ќе ја снимам новата сезона на „Преспав“, па еден игран филм, и правец Дојран. Дома.
Неодамна се збогувавте со уште еден миленик. По популарниот Бошко на кои сите се сеќаваме и Емче ја направивте вистинска ѕвезда. Размислувате ли да земете нов миленик?
Се уште тагувам по Емче. Нема ден да не помислам на неа. Се уште ја довикувам штом се разбудам да се галиме во креветот.
Се уште ја викам во кујната да и дадам да јаде, и се уште спијам со згрчени нозе за да не ја повредам ако спие под мојот јорган. Кој изгубил миленик,знае за што зборувам.
Истото ми се случи и со Боко. За нив двајца плачев повеќе отколку за некои хомо-сапиенси. Кој колку си заслужил…
Во последниве години на македонската сцена се почесто гледаме преработки на старите македонски песни, на патриотските стихови и изворни мелодии, не ретко и вие сте дел од ваквите проекти. Дали живееме во време во кое новите песни се фрлени во сенка поради добрите преработки?
Харе и јас создаваме околу 20 нови песни годишно, така што го немаме тој проблем, и воопшто не играме на таа карта. Имаме и ние „кавери“, и патриотски преработки…Заветна од Пепи Бафтровски, Ако умрам ил загинам од чичко Јонче Христовски, но затоа ги имаме и Хотел Македонија на Иглси и Македоникејшн наместо Калифорникејшн на Ред Хот Чили Пеперс, и Ролингстоунси, и Џо Кокер. Но нашите оригинални македонски блузови ни секогаш во прв план.
Каква музика се слуша најчесто во вашиот дом?
Истото што го слушам од младоста. Пинк Флојд, Дип Парпл, Цепелин, Клептон, Стинг, Гери Мур, Б.Б.Кинг, па се до Азра, ЕКВ, Чорба, па и Балашевиќ. Се уште ја слушам и музиката на татко ми, и воопшто музиката од тоа време. Новата музика е агресивна, претенциозна, а во исто време здодевна и брзозаборавна…