Наши ѕвезди

Игор Џамбазов нападнат, ама НЕ му остана должен – веднаш реагираше, му дојде преку глава од вакви луѓе

Познатиот актер се пресмета со непознато лице...

Advertisement

До едно непознато другарче од Инстаграм, напиша Џамбазов на крајот во описот на својата објава што ја сподели.

Игор Џамбазов не е некој што реагира на „виртуeлни“ напади, но овој пат тој реши никому да не остане должен.

Advertisement

И потполно беше во право за тоа!

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Имено, Џамбазов сподели еден необичен коментар упатен до еден хејтер кого тој реши овој пат да не го поштеди.

Advertisement

„Пријателе… Навистина не ми е јасно што толку ти пречи што во овие матни времиња се обидувам да ширам љубов Јас барем се обидува. Тебе ти е лесно. Ти и не мора да се обидуваш да шириш омраза. Тебе тоа некако природно ти доаѓа. Омразата е тешка болест, која уште потешко се лечи. Љубовта е лекот. Така што ти нема спас“, напиша Џамбазов во својата објава што ја сподели на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Следуваа бројни коментари, а сите се согласни дека денес на социјалните мрежи постојат поединци кои ги преминуваат сите граници и кои понекогаш навистина треба вака јавно да се осрамотат за хејтот што го прават и што шират омраза.

Инаку, познатите се често мета на критики на оние што не ги сакаат, но и на разно-разни измами на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Па така пред неколку години името на Игор Џамбазов беше злоупотребено и за собирање на донации.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

И тоа не беше прв таков случај во негово име некој да бара пари, преку лажен профил со негово име и презиме.

И како што Игор изјави тогаш за медиумите, случајот иако бил пројавен во полиција, сторителот не бил пронајден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button