Кафе муабет

Не, јас НЕ сакам да бидам дел од твоето минато!

Advertisement

Понекогаш навечер лежам и се прашувам дали се уште мислиш на мене.

minato2

Advertisement

Се прашувам дали се уште ја слушаш нашата омилена песна и дали мислиш на мене кога ќе помине покрај кафичот каде излеговме на првиот состанок.

Еднаш ми кажа дека ти недостасувам и не можев да престанам да мислам на тоа.

Сакам да знаеш дека кога нема да ти одговорам на пораката, тоа е само затоа што знам дека ако почнеме повторно да збориме, јас повторно ќе се заљубам во тебе.Кога ќе ти кажам дека ми недостасуваш, навистина мислам дека ми недостасува твоето лице, ми недостасува да гледам во твоите очи, ми недостасува заедно да пееме на песни, ми недостасуваат нашите телефонски разговори доцна во ноќта и нашите дневни средби.

Advertisement

На жена која е родена во овој хороскопски знак ниту еден маж не може да и одолее >>

Кога ќе ти кажам дека те мразам, всушнст мислам на тоа дека го мразам тоа што те нема, мразам што не можам да те погледнам во очи, мразам што не можам да ти се јавам кога работите се лоши и го мразам тоа што не си мој.

Од близнаците треба да се пазите затоа што тие се вистински шарлатани – овие знаци се најголеми лажговци >>

Вистината е дека повеќе сакам да ме прегрнеш отколку да ме изгубиш. Се што сакам е да бидам стуткана до тебе наместо да лежам сама во кревет мислејќи на тебе. Толку многу пати во текот на денот посакувам да ти се јавам и да ти кажам што ми се случило.

minato1

Сакам да ти кажам колку се нервирам што ти ги гледам другарите низ град, затоа што пеколно боли кога нема да ми кажат „Здраво“, затоа што тоа значи дека ме ставиле во минатото, истото место каде што и ти ќе ме ставиш.

Не сакам да бидам дел од твоето минато, сакам да бидам дел од твојата иднина.

Која е идеална жена за секој хороскопски знак >>

Еден ден, можеби ќе ти го кажам сето ова, но мали се шансите за тоа затоа што уште си се држам до „Ми недостигаш“, „Те мразам“ и тоа што не ти враќам на пораки. Нашата врска заврши, јас преживеав тоа што те изгубив еднаш и не сум сигурна дали ќе преживеам да те изгубам пак. Затоа и не вреди да ти ги кажам овие зборови кои останаа некажани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button