„IDJ SHOW“: Треба малку повеќе да се РАЗГОЛИШ – порака од НАТАША БЕКВАЛАЦ до нашата преубава БАРБАРА
Барбара Поповиќ, единствената Македонка што се натпреварува на регионалното музичко шоу „IDG SHOW“ во Србија повторно ја претстави нашата земја во преубаво светло.
Во прекрасна раскошна креација во црвена боја, Барбара доминираше на сцената. Нејзиниот изглед е фантастичен. Таа е многу згодна и атрактивна девојка, секогаш стокмена од глава до пети.
Водителот кога и се придружи на сцената рече:
Маркетинг-Црвена боја, за војна или љубов?
Барбара на тоа срамежливо одговори
-Љубов.
Горда сум што сум Македонка, објави на Инстаграм под видеото од нејзиниот настап. На сцената се одлучи да се претстави со три македонски песни.
Во преубав аранжман ги слушнавме „Замижи“ од Тамара Тодевска, „Без тебе“ од Ања Ветерова и „Чудни места “ од Роберт Билбилов.
Вонсериски глас. Така сите ја нарекуваат нашата Барбара.
Кога дојде редот на жирито Дарко Димитров одново повтори дека е горд што покрај нејзе е Македонец.
-Нема потреба повторно да те фалам, ти пееш преубаво, вонсериски, но сакам да те видам во некоја побрза песна, не само во балади – препорача Димитров.
Наташа Беквалац минатиот пат ја натера Барбара да го скрати здолништето. Српската дива ја убедуваше дека е многу згодна и дека не треба да се крие . И овој пат критиките кон Барбара од Беквалац беа за облеката.
– Јас да сум твој ментор, би ставила неколку копчиња на овој фустан за на крај да ги раскопчаш, малку да се разголиш и визуелно и музички, па да не однесеш во некој друг свет со побрза музика. Како што минатиот пат ти го скратив здолништето, така ѝ вечерва би те расоблекла во третата песна. Се со цел пријатно да не изненадиш, знам дека можеш – рече Беквалац.
Релја рече дека не би крател ни додавал ништо.
– Сите видовме дека пееш вонсериски, но дали ќе ни покажеш уште нешто од себе?
На ова Барбара возврати со тоа дека ќе видиме.
Со нетрпение ја очекуваме нејзината следна изведба. Стискаме палци за нашата убава Македонка!
Погледнете го нејзиниот настап.