Шопинг

Моден класик без кој не можеме – совршени идеи како да носиме ролки оваа сезона

Advertisement

Елегантно класично парче кое со доаѓањето на есента повторно суптилно се враќа на предните позиции во нашите плакари.

Advertisement

Од оние кои се долги и со малку поширок крој па се до тесните модели кои ја следат линијата на телото и ја истакнуваат неговата елеганција, ролките се едни од омилените парчиња на многу познати ИТ девојки во првите студени есенски денови. Во нив ќе ја поминеме зимата, без разлика дали станува збор за беж, сив или црн модел, и без разлика дали ќе изберете лежерни или класични варијанти. Покрај неутралните бои кои се типични за есенските и зимските месеци, оваа година можете да носите и впечатливи модели, а за поголем ефект изберете ги оние со карнери, истакнати ѕвонести ракави или плетените оверсајз модели. 

Тука се и новите, тренди ролки кои се поигруваат со класичниот крој, но и моделите во силни бои со акцент на најпопуларната боја за оваа сезона, црвената. Покрај нив во есенските колекции ќе пронајдете и прекрасни модели во силна зелена и сина боја.

Advertisement

Па отворете ја галеријата што следува и погледнете ги најубавите модели од најпознатите брендови во Македонија.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button