Шопинг

Идеи за празничен подарок – преубави уникатни парчиња на Новогодишниот базар во ГТЦ (фото)

Катарина Дода овие денови го претставува својот уникатен филигран на Базарот што се одржува на приземјето во Градски трговски центар. Базарот ќе трае до вторник, 31 декември. Ќе може да се израдувате себеси и најблиските со уникатни подароци, изработени со многу љубов и внимание.

Advertisement

Скопјанката Катарина Дода се занимава со изработка на филигрански накит. Нејзината приказна започнала пред петнаесет години, кога одлучила да го продолжи семејниот занает и традиција, и основала сопствена работилница.

фото-приватна архива

„Филигранството е уметност која дава неограничени можности да ја искажете својата креативност. Целиот процес се изработува рачно, на ист начин како што работеле и нашите предци, стотици години наназад. Секое парче е уникатно, посебно, и не е возможно да се изработат две исти парчиња накит. Уникатноста дава посебно чувство, ве издвојува од секојдневието“ – вели Катарина.

Advertisement

Таа одбрала интересен начин на претставување на нејзината занаетчиска уметност.

Освен што изложува во Македонија, Катарина Дода се претставува и на фестивали за заштита на старите занаети насекаде низ светот, изложувала во САД, Аргентина, Оман, Узбекистан, Турција, Порторико. Собрала и многу награди за најдобро изработен дизајнерски накит.

фото-приватна архива

Катарина овие денови го претставува својот уникатен филигран на Базарот што се одржува на приземјето во Градски трговски центар. Базарот ќе трае до вторник, 31 декември. Ќе може да се израдувате себеси и најблиските со уникатни подароци, изработени со многу љубов и внимане.

Advertisement

На Базарот се изложени креативни производи со уметнички дизајн, од плетени играчки, уметнички слики, уникатен накит од сребро, епоксидна смола, кристали, филигран, полудраги камења, до персонализирани подароци, шолји и планери со интересни пораки, рачно насликани стаклени поризводи…

Секој може да си најде по нешто за своја душа.

Зад новогодишните штандови стојат бројни креативци, меѓу кои е и Катарина Дода со својот филигран.

фотографии – приватна архива, гламур.мк

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button