Првиот танц на младоженците е еден од најчестите и најочекувани обичаи на самата венчавка.
Првиот танц на младоженците е еден од најчестите и најочекувани обичаи на самата венчавка. За да ја изберете песната или што ќе играте на првиот танц, треба да земете предвид неколку работи.
НЕ заборавајте на вашите способности за танцување или евентуално желбата да научите нови чекори
Доколку некој од вас двајца не знае да танцува, тогаш би било добро да посетите неколку часови во школа за танцување и да совладате барем некои основни чекори. Тоа ќе ви помогне не само за вашата венчавка, туку ќе ви биде од корист и за посета на други венчавки и забави. Доколку пак немате желба да научите нешто ново, тогаш изберете некоја бавна песна каде ќе можете само да се прегрнете и нежно да се нишате.
Еве од каде да го купите невестинскиот фустан кој е хит на Инстаграм >>
Должината, тежината и обликот на венчаницата
Размислете колку добро ќе можете да се движите во венчаницата и дали ќе се чувствувате удобно додека играте. Исто така внимавајте и на изборот на венчаница без прерамки, затоа што истата постојано би требало да ја повлекувате нагоре.
Обичаите, дали се работи за традиционална или модерна венчавка
Познат е обичајот дека во текот на првиот танц се повикуваат родителите и кумовите да се придружат на подиумот. Доколку подготвувате посебна кореографија, добро би било да ги известите останатите дека првиот танц го играат само младоженците.
Топ 6 модели на необични кратки венчаници >>