BEAUTYНега и здравје

Идеална вечерна рутина за после напорниот работен ден

Advertisement

Иако по доаѓањето дома можеби ви е најслатко да легнете на креветот и да јадете некоја готова храна, сепак, тоа долгорочно гледано не е најдобра опција. Таквиот начин на живот нема да ви помогне да ги наполните батериите за следниот ден, да ја подигнете енергијата и да се чувствувате добро. Погледнете кои навики треба да ги внесете во вашето секојдневие, со цел наредиот ден да се чувствувате одлично.

Вечерајте лесна храна

Вечерата преполна со јаглехидрати повеќе ќе ве успие и неповолно ќе влијае на варењето. Со цел да не посегнете по сендвичот, наутро пред да заминете на работа направете салата богата со хранливи влакна и протеини, која ќе ве чека кога ќе пристигнете дома.

Advertisement

Книга наместо телевизор

Исклучете ги сите електронски уреди околу себе, запалете миризливи свеќички и уживајте во добрата атмосфера. Освен што ќе се одморите од силната светлина на технологијата, автоматски ќе го збогатите својот вокабулар и ќе се опуштите.

Направете план за наредниот ден

Со цел да го избегнете утринскиот стрес, пред спиење запишете си ги сите обврски кои мора да ги извршите, но не заборавајте да додадете и нешто што ве прави среќни и ве расположува.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button