Интервју
COVER STORY

Иако сум родена во Ќустендил, срцето ме тера накај Македонија – вели младата фолк пејачка Василија Петрова за Гламур

Талентот за музика го добив од мајка ми. Таа има прекрасен глас и беше првата што ја откри мојата музикалност, вели познатата пејачка

Advertisement

Гламур интервју со Василија Петрова

Василија Петрова е ново музичко име на нашата естрада, но веќе успешно плови во музичките фолк води. Таа ни доаѓа од соседна Бугарија, а нејзините корени се од Кочани. Во 2020 година блесна на фестивалот „Пирин фолк“ во Сандански, каде што со песната „Жетварка“ освои пет награди, настапувајќи во носија од Егејска Македонија стара 200 години. Неодамна добија втора награда за дуетот со Благоја Груевски на „Фолк фест Валандово“ за песната „Што си ветивме“ за која вели дека од прво слушање почувствувала дека песната има нешто посебно и верувала  дека ќе остави впечаток. Што друго ни откри оваа млада и талентирана пејачка, откријте во продолжение:

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Добивте втора награда за дуетот со Благоја Груевски на „Фолк-фест Валандово“, честитки и дали очекувавте да добиете награда?

Ви благодарам многу! Колку и нескромно да звучи – да, јас уште од првото слушање почувствував дека песната има нешто посебно и верував дека ќе остави впечаток. Благоја, пак, беше малку поскептичен, се двоумеше, но откако ја направивме првата проба, и тој призна дека песната навистина допира. Мене ми беше јасно од самиот почеток дека вреди, и многу ми е драго што тоа го препознаа и жирито и публиката

Прашање: Како дојде до соработката со Благоја Грујовски и воопшто како дојде да направите дует?

Со Благоја се запознавме на талент шоуто „Нови и млади”, каде што тој беше дел од жирито. Од тогаш останавме во контакт и станавме многу блиски, голема поддршка ми е. Сме размислувалe за дует ама немавме песна досега и ете, тој ми ја пушти песната и ми рече: „Што мислиш да ја отпееме заедно на Валандово?“ Искрено, не размислував ни секунда – веднаш прифатив!

Бидејќи уште од мала ги слушам неговите песни, сум се учела од него, ова за мене беше огромна чест. Едноставно ми легна песната – и мелодијата, и текстот и емоцијата. Многу природно се вклопивме, и мислам дека тоа се слуша и во финалниот резултат.

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Вие сте многу млада, а веќе сте многу популарни и перспективна фолк-пеачка. Како започна вашата приказна?

Благодарам најпрвин за убавите зборови. Сè започна сосема природно… Уште од дете имам огромна љубов кон народната песна. Пеев секогаш кога ќе имав можност – дома, на школски настани, пред огледало, а подоцна и на приватни часови за пеење.

Приватна архива

Почнав да се надградувам, да учам, да се вложувам сè повеќе, започнав со настапи на фестивали и натпревари и со текот на времето освоив многу награди, а морам да спомнам дека на тие моменти добив искрена поддршка од Спасен Сиљаноски, Златко Миладиноски и Ване Петкоски / ИНТВ , луѓе кои ми подадоа рака и ми помогнаа да зачекорам посилно и похрабро по овој пат.

Прашање: Од каде Ви е талентот за музика?

Мислам дека талентот за музика го добив од мајка ми. Таа има прекрасен глас и беше првата што ја откри мојата музикалност. Се сеќавам на една играчка-слонче што имав кога бев мала, која пееше мелодија. На само 2 години сум ја повторувала точно и тоа било првиот знак дека имам музички талент.

Прашање: Нон-стоп сте на релација Бугарија –Македонија и пошироко, како го издржувате темпото ?

Ако кажам дека е лесно, ќе излажам. Напорно е, ама сум млада, имам енергија, се правам од душа и срце и со голема желба и не осеќам тежина.

Приватна архива

Прашање: Која е твојата поврзаност со Македонија?

Тоа е нешто длабоко и искрено… Коренот си е корен, а Кочанскиот е силен. Иако сум родена во Ќустендил, срцето си ме тера накај Македонија. Таа врска ми дава сила и голема инспирација и со секоја песна ја пренесувам душата на Македонија, а музиката сама по себе кажува сè.

Прашање: Прекрасно и автентично ја изведувате изворната македонска песна, и затоа сте барани и на многу настапи надвор од земјава. Каде поминавте најубаво и дали македонската дијаспора е дарежлива кога станува збор за бакшиш?

Од душа ги пеам нашите песни и сум благодарна дека тоа се чувствува. Сегде каде има Македонци и се слуша баш Македонска музика е преубаво, а за бакшиш мислам дека нема потреба да се зборува, секако дека има.

Прашање: На која наша песна македонска најмногу реагира публиката?

Не можам да кажам само една песна, но можеби во последно време публиката најмногу се буди на “Една мисла имаме” , „Нема друга Македонија”, „Бисер Балкански” , па еве ќе спомнам и една песна со која сите ме поврзуваат – „Вардаре, Пирин кај ти е” .

Прашање: Студирате за тренер по пливање и професор по физичко, дали Вие во иднина се гледате во оваа професија, и како ги спојувате овие две работи?

Да. И еве ќе кажам дека наскоро ќе дипломирам. Многу ги сакам децата, се разбираме одлично, а обожавам и да пливам и секако со многу желба и труд се е можно.

Прашање: Имате ли посетувано часови по пеење или нешто што е поврзано со музиката?

Да, како веќе спомнав, 8 години имам посетувано приватни часови по народно пеење, па потоа пијано и солфеж.

Приватна архива

Прашање: Која е Вашата мисија?

Навистина мислам дека имам мисија.. мисија да ги вратам на живот заборавените македонски песни и да ја пренесам нивната убавина на новите генерации. Со музиката ја носам Македонија во срцето и се борам за нејзината трајна вредност. Народната песна е нашиот душевен печат и мојата цел е да ја оживеам и да ѝ дадам нова димензија, продолжувајќи ја традицијата која е основа на нашата култура.

Прашање: Што можеме да очекуваме наскоро од Вас, кои се Вашите планови?

Моментално работам на песни кои ја комбинираат нашата традиционална македонска музика со современи аранжмани, како и неколку новокомпонирани песни. Секако продолжувам со средбите и веселбите, во тек се настапи и во Македонија и надвор, вклучително и голема турнеја на есен во Австралија, организирана од ИНТВ. , потоа следува и друга голема турнеја, која наскоро ќе откријам.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button