Биковите се познати по својата тврдоглавост и тоа на сите ни е јасно. Но, покрај се’ на сите нам ни треба еден Бик во нашиот живот!
Биковите се стабилни личности и сакаат да се чувствуваат сигурно, па само тогаш се чувствуваат удобно. Биковите се верни и секогаш се тука за вас. Можеби нема да ви подаруваат луксузни подароци, да ве водат на патувањето од соништата или пак да ве повикаат на танцување, но секогаш ќе бидат овде за вас да ви бидат рамо за плачење.
Биковите секогаш имаат посебен „мек стол“ за вас кога ви е потребно место каде што ќе можете да се сокриете од брзиот живот и каде ќе пронајдете малку мир. Тие дури ќе ви понудат и грицкалки за утеха, за да се чувствувате посебно. Никогаш нема да гладувате ако се дружите со Бик, затоа што тоа тој никогаш не би го дозволил.
Биковите се многу дарежливи и се вистинските личности на кои можете да им се обратите. Ако ви требаат пари, Биковите секогаш ќе се снајдат за да ви позајмат. Па, без оглед на тоа дали се работи за добар оброк, возење до парк или совршена масажа на стапалата, Бикот е совршениот човек за вас.