И жена може! – наместо да платите на молер 600 евра, стан од 60 кв. метри може да го искречите сами за 100 евра!
Како најбрзо и најекономично да го освежите вашиот дом и тоа да го направите сами. Ова се нашите совети за економично и лесно кречење на стан.

Пролетта е совршен момент за освежување на вашиот дом, но кога размислувате за кречење, многумина се соочуваат со дилемата – да ангажирате молери или да се обидете сами да го завршите зафатот?

Според некои проценки, ангажирање професионалци за кречење на стан од 60 м² треба да издвоите од најмалку 20 000 до 36 000 денари. Доколку не сакате да го оптеретувате буџетот, може да искречите сами и тоа ќе биде многу економично решение.
AdvertisementПатем, не се двоумете во својте молерски способности дури ако сте жена!
Материјали:
Кога станува збор за изборот на боја, постојат две опции: полудисперзија и дисперзија. Полудисперзијата е поевтина, но помалку издржлива – не е отпорна на вода и не може лесно да се чисти од флеки. Дисперзијата, иако поскапа, е поквалитетна, отпорна на вода и може да се чисти со влажна крпа.

За стан од 60 м² потребни се околу 35 литри боја. Ако се одлучите за полудисперзија, цените се движат од 2 500 до 3 500 денари за 15 литри, така што ќе треба да издвоите околу 5 000 до 7 000 денари за материјал. Ако пак се одлучите за дисперзија, ќе треба да платите од 4.000 до 5.500 денари по 15 литри, што го зголемува трошокот на околу 8 000 до 10 000 денари.
Заштита на мебел и подови:
Немојте да заборавите на заштитата на мебелот и подовите. За тоа ќе ви требаат неколку фолии и лента за лепење. За 60 м², ќе ви бидат потребни околу 5 фолии, кои чинат околу 70 до 100 денари по парче, односно вкупно 350 до 500 денари. Подната фолија ќе ве чини околу 500 денари, а за лента за лепење ќе платите околу 400 денари. Вкупно, заштитата на мебелот и подовите ќе изнесува околу 1 250 до 1 400 денари.

Алатки:
За самостојно кречење, ќе ви бидат потребни неколку основни алатки. Четките за кречење можат да чини од 150 до 1.000 денари, но најчесто се избираат четки од средна класа кои чинат околу 300 денари. За валјак, цените се движат од 200 до 2.000 денари, а најчесто се избираат оние од околу 500 денари. Ако имате високи плафони и треба да користите специфичен валјак, цените се движат од 200 до 2.700 денари.
За минимален сет алатки, ќе ви требаат околу 550 денари, но за посоодветен и поквалитетен сет, цената ќе биде околу 1.100 денари.
Колку ќе ве чини кречењето?
Вкупната цена за материјалите, заштитата и алатките за кречење на стан од 60 м² сама може да изнесува околу 5.531 денар, во зависност од вашите избори за материјал и алатки. За повеќе квалитетен материјал и алатки, просечната цена може да достигне 8.000 до 9.000 денари.

Во споредба со ангажирањето професионалци, што би чинило дури 20.000 до 36.000 денари и повеќе, самостојното кречење е многу побенефично од финансиска гледна точка. Иако процесот ќе бара малку повеќе време и труд, за оние кои сакаат да го освежат својот дом, тоа може да биде одлично решение и во поглед на трошоците и резултатите.