И Вики Миљковиќ се повлекува од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ – еве ја причината за оваа одлука
Вики од 2016 година беше една од највпечатливите членки на жирито, позната по искрената поддршка за младите таленти и нејзината посветеност како менторка.

Пејачката Вики Миљковиќ донесе одлука да се повлече од жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, ставајќи крај на едно долгогодишно и емотивно поглавје во нејзината кариера.
Оваа вест денеска официјално им ја соопшти на своите колеги, со што се потврди нејзиното заминување од популарното телевизиско музичко шоу.
Вики од 2016 година беше една од највпечатливите членки на жирито, позната по искрената поддршка за младите таленти и нејзината посветеност како менторка.
Во текот на годините, изгради блиски односи не само со многу кандидати, туку и со останатите членови на жирито, со кои, како што истакнува, останува во пријателски и срдечни релации.
Како што пренесуваат српските медиуми, Вики постигнала одличен договор со продукцијата на телевизијата Пинк, што значително влијаело на нејзината одлука да им се приклучи. Нејзината смена на телевизискиот „табoр“ доаѓа само кратко време откако и Драган Стојковиќ Босанац се повлече од истиот проект.
Соопштението на Вики Миљковиќ гласи:
„Драги пријатели, почитувана публико и сите вие кои со години верно ги следите ‘Ѕвездите на Гранд’,
По десет незаборавни сезони, дојде време да се простам од улогата член на жирито во овој голем музички проект.
Оваа одлука не беше лесна, бидејќи со ‘Ѕвездите на Гранд’ ме врзуваат не само години работа, туку и силни емоции, пријателства, спомени и илјадници таленти што поминаа преку нашата сцена.
Имав привилегија да бидам дел од емисија која го смени текот на домашната музичка сцена, да учествувам во создавањето на кариерата на млади пејачи и искрено да бидам горда на сè што заедно изградивме.
Благодарна сум на целиот тим на Гранд, на моите колеги од жирито, на продукцијата и на сите зад камерите кои години наназад правеа да се чувствувам како дома.
Особена благодарност упатувам до мојот голем пријател Саша Поповиќ, кој ме повика на ова незаборавно десетгодишно патување, и по кого засекогаш ќе жалам!
Ви благодарам и вам, почитувана публико. Вашата љубов, поддршка и коментари ми беа најголема мотивација да дадам сè од себе и да останам искрена, своја и доследна на себе.“
Со ова завршува едно важно поглавје за Миљковиќ во „Ѕвездите на Гранд“, но и започнува ново, во конкурентаната телевизија Пинк.