И Србите ќе пазарат во „Стокомак“ – еве во кој град се отвори македонска продавница

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Стокомак важи за еден од најевтините, ако не и најевтиниот маркет кај нас. Често пати сме пишувале за исти производи кои ги нуди овој ланец на маркети со далеку пониски цени од останатите маркети.
Очигледно добриот глас на далеку се слуша, па и во Србија посакаа да добијат еден Стокомак.
Македонскиот бренд се шири и надвор од границите. Со својот квалитет и модерен пристап, а во исто време и евтини производи успева да ги освои срцата на потрошувачите. Пред неколку дена беше отворена нова продавница во Ниш.
Српскиот јутјунбер Милан Томо Божичковиќ познат по својот канал на Јутјуб „Што да јадам“ спдели видео од отворањето на маркетот. Тој раскажува и за своето исууство и кои производи нему му оставиле силен впечаток.
Видно е изненаден од ниските цени.
Видеото веќе има над 500.000 прегледи на Инстаграм. Погледнете:
View this post on Instagram