Реклама
Наши ѕвезди

И сопругот нема да ја препознае во ова издание – Маја и во шестата деценија е убавица што остава без здив

Пејачката со помош на театарска шминка се трансформираше до непрепознатливо издание

Реклама

Предизвика бурни реакции со ова свое издание

Маја Гроздановска Панчева кога се појави на јавната сцена важеше за една од најубавите пејачки на нашата естрада.

Таа наскоро ќе го прослави својот 52. роденден , а и денес изгледа речиси исто како и на почетокот од својата кариера.

Маркетинг

Имено, Маја отсекогаш важела за атрактивна русокоса дама, која можеби често го менувала својот имиџ, но тоа никогаш не било драстично, ниту пак премногу контроверзно, па отсекогаш им била верна на елегантните, но и на опуштените дамски изданија.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутуб

Маја на млади години

Впрочем таа и денес со својата појава плени каде и да се појави, посебно со својот шарм и енергијата со која зрачи, но и природната насмевка којашто е нејзиниот заштитен знак.

Но овој пат Маја на својот Инстаграм сподели една фотографија на која изгледа драстично поразлично и ги изненади сите.

Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева

Таа позираше со сценска маска и црна перика во стилот на јапонските конкубини, па со своите фанови го сподели ова издание.

Видно расположена и насмеана Маја ги изненади сите, а многумина коментираа дека не би ја препознале со оваа маска на лицето, но и со црната коса и необичната фризура што ја носеше.

Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева

Потсетуваме, Маја веќе со годни работи во хорот на Националната опера и балет, а неодамна се потсети на почетоците на својата кариера.

Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева

„Мојата кариера започна во 90-те години, кога настапував на некои фестивали, ,’Струмичка пролет’, ‘Интер фест Битола’. Но, најсреќна бев кога ме примија на аудиција да пеам на ‘Скопскиот фестивал’. Не можам да ви опишам колку бев среќна кога добив телефонски повик и ме известија дека сум примена. Ја изведував песната ,’Пурпурна соната’. И тука започна сé“, изјави неодамна Маја Гроздановска Панчева во интервју за Гламур магазин.

Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева

Што се однесува до нејзината работа во НОБ, Маја вели дека тоа го прави со љубов и дека за неа е уживање што е дел од тој колектив.

Целото интервју со Маја прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button