Синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе се испрoба во трговијата со конфекција, според јавно достапните информации, кои покажуваат дека тинејџерот од пред точно еден месец е основач на „Демигод“, друштво за продажба на облека на мало, објави порталот Фактор.мк.
Продавницата на 18-годишниот Иво Филипче како што пишува порталот, според адресата, треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“.
Синот на претседателот на опозициската партија, пратеник и поранешен министер за здравство минатата година стана полнолетен, а оваа во јуни прослави матура.
Advertisement
И младиот Заев фирмата ја отвори во 2022 година како 18-годишник. Во 2023 година, тој имал добивка од 39 милиони денари, односно 636 илјади евра. Дваесет и едногодишникот стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко, Вице и неговиот дедо, Панче Заев.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .