Реклама
Наши ѕвезди

И Саша Поповиќ се огласи по скандалот во „Ѕвездите на Гранд“, но БОЛЕСТА никој не не ја споменува?!

И блиски пријатели немаат информации што се случува со здравјето на Саша Поповиќ, иако тој се огласи во една од последните емисии..

Реклама

Креативниот директор на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ, заради здравствени проблеми веќе некое време не се појавува во емисиите.

Но како што неговите колеги од ова популарно шоу знаат често да истакнат, Саша постојано следи сé што се случува и неговиот збор секогаш е последен во одлуките околу кандидатите, посебно во баражот, иако тој веќе со месеци не е во студиото.

Но и покрај тоа што тој редовно комуницира со колегите од Гранд, малкумина надвор од шоуто знаат каква е неговата здравствена состојба и со што се соочува Поповиќ. Па така неговиот долгогодишен пријател и композитор Милутин Поповиќ Захар изрази надеж Саша што побрзо да оздрави и истакна дека сочувствува со тешката ситуација во која неговиот пријател се наоѓа.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

И како што пренесуваат српските медиуми, и колегите на Поповиќ се загрижени и се интересираат за неговото здравје, а еден од нив е и неговиот пријател Захар кој иако не бил во директен контакт со него, се огласи и искажа дека е загрижен.

Маркетинг

„Не знам што се случува со него во последно време, дали оздравел или не“, изјави тој за српскиот портал „Информер“ додавајќи дека е загрижен, но и дека му посакува што побрзо да оздрави и да се врати во „Гранд“.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Поповиќ се огласи во „Ѕвездите на Гранд“

Но и покрај загриженоста на пријателите на Саша Поповиќ и мистеријата околу неговото здравје, неговите колеги од „Ѕвездите на Гранд“ често знаат да ги пренесат пораките што тој им ги испраќа.

Така беше и во последната емисија кога натпреварувачката Елена Милошевиќ доби шест гласови, но пејачот со кого требаше да настапи во дуел не беше присутен, па дојде до забуна околу гласањето.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

И додека Елена и нејзиниот ментор Александар Милиќ Мили се радуваа и славеа за нејзиниот директен пласман во следниот круг, се огласи со порака и креативниот директор кој ја промени состојбата.

„Многу ве поздравува сите“, почна Војо Недељковиќ да ја чита пораката, а потоа ја соопшти и одлуката на Поповиќ.

„Настана мала забуна. Снежана не требаше да седи на тоа место. Или требаше да се оддалечи или да седи покрај Мили, така што нејзиниот глас не се брои, што значи пет гласови и бараж“, одлучи Поповиќ.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button