И проф. д-р Вело Марковски во костим за капење – „гори“ интернетот од ова издание на познатиот пар
„Ние само се сакаме“, вели Вело во еден од своите последни коментари на социјалните мрежи

Една фотографија, милион реакции
Вело Марковски ги сумираше своите впечатоци во рска со коментарите што ги доби под фотографијата на која е со саканата.
Професорот д-р Вело Марковски неодамна ги изненади сите кога на својот Фејсбук сподели фотографија на која е со сопругата.
Фејсбук/ Вело Марковски
Тие и двајцата позираа во костим за капење, па ова нивно издание предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Неколку дена подоцна, Вело реши да одговори, па следуваше објава со следниот коментар и истата фотографија.
Фејсбук/ Вело Марковски
„Една фотографија од нашето секојдневие направена од синот Павле, за малку не достигна до 300.000 прегледи!!! Ние само се сакаме. Има стотици критериуми за ‘дозволен и недозволени бракови’, но ние во изминативе 11 години навистина бевме среќни, и најважно за една успешна врска бевме еден покрај друг и во ‘лошо и во добро’. Ја имав целата енергија љубов и поддршка која безрезервно ми ја даваше Евгенија. Бев многу успешен, во овие 11 години постигнав многу повеќе од предходните 22? Се молам вака да ни биде уште 22 години, па после ако Евгенија не ме сака или ме остави, ќе си барам друга“, напиша Вело тогаш.
Повеќе од очигледно е дека Вело ужива со сопругата, а за тоа впрочем сведочат и најновите објави на Евгенија.
Имено, таа сега објави неколку фотографии направени покрај морето, на карпи, додека замислено гледа во далечината.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Наместо костим за капење, овој пат позираше во кусо здолниште и само горен дел од бикинито, а на една од фотографиите се гледаат и двете деца што поранешната манекенка ги има со Вело.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Потсетуваме, Евгенија и Вело често предизвикуваат реакции во јавноста заради нивната голема разлика во годините, а професорот во една пригода во интервју за Гламур магазин вели дека тоа воопшто не му преставува проблем, иако според него, кога една таква врска ќе заврши со брак, и посебно откако ќе се родат деца, озборувањата стануваат злонамерни и треба да престанат.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
„Зависта кај луѓето ми е добро позната и не се оптеретувам. Мислам дека на некои повеќе им „смета“ не толку што Евгенија е помлада од мене, туку тоа што е и млада и убава и паметна. Ние функционираме скоро идеално веќе 11-12 години. Дај боже да функционираат брачните парови така што се со иста возраст“.
„Можеби и можам да сфатам да се „осудува“ љубовна врска помеѓу постар маж и помлада девојка (не сум видел некој да осудува кога постара жена во врска со помлад маж – хаха-) но кога таа врска ќе завриши со брак, оговарањата треба да завршат, особено кога ќе се родат деца и се создаде среќно семејство. Нели целта на бракот е раѓање деца и создавање семејство? Може само да се анализира дали таков брак функционира или има проблеми. Во време кога тешко се решаваат луѓето на брак не се потребни додатни услови и „совпаѓања„ по возраст, професија, вера, средина…“, изјави тогаш проф. др. Вело.
Целото интервју прочитајте го тука.