Реклама
MAMAКафе муабет

И на велигденската празнична трпеза, едно празно место стои, за тебе е тоа ТАТО

Реклама

Велигден е овде. Најголемиот христијански празник кој го прославуваме со најблиските. Велигденската трпеза е готова. Многу велигденски украси зрачат со позитивна енергија, ни даруваат свежина во домот, го разубавуваат.

ФОТО: pngio.com

Но, на велигденската трпеза фали нешто. Фали повеќе љубов, фали поголема сплотеност, фали повеќе разбирање. Фали твојот лик, ТАТО. Ти беше оној кој не’ сплотуваше сите заедно, кој ни правеше шеги и дополнително ни го разубавуваше овој празник.

Се сеќавам како да беше вчера, кога ќе ме фатеше за раче, кога ќе земевме по едно јајце во рака и се натпреварувавме. Се сеќавам како да беше вчера кога одекнуваше мојата смеа кога ќе те победев, а ти ќе ме кренеше високо во рацете и ќе ми речеше дека сум твојот херој.

Маркетинг

Деновите минуваат. Многу велигдени доаѓаат. Ние сме заедно, повторно прославуваме, повторно ја следиме традицијата, но празнината во душата одекнува најсилно. Се поздравуваме, си го честитаме големиот христијански празник, а капки солзи од очите паѓаат и се слеваат на земја. Потсетуваат дека животот повеќе не е ист. На секој нов празник се сеќавам на тебе и си замислувам како би ми било да си овде.

Ни фалиш. Секој ден, секој празник. Боли секоја празнична трпеза, а спомените никогаш не стивнуваат. Само Господ знае колку празнина носам во срцето.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button