И мрежите горат од овие пози на згодната македонска харфистка – цел Пелопонез се врти по неа
Пејачката провоцира со своите најнови објави

Не сте ја виделе во вакво издание
Нашата позната пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски уживаат во нивниот одмор во Грција.
Тие отпатуваа на полуостровот Пелопонез, од каде Сара сега со своите најнови објави на Инстаграм никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Сара Мејс
Имено, Сара овој пат позираше во фустан за на плажа кој повеќе открива отколку што сокрива, и со ова издание и нејзиното беспрекорно тело предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Креацијата ја носеше потполно отворена во предниот дел така што во фокусот беа нејзината тенка половина и рамниот стомак.
Инстаграм/ Сара Мејс
Таа носеше костим за капење во „нуде“ нијанса, кој во комбинација со темниот тен од сонцето, но и белите детали кои не беа изложени на сонце, а кои и се познаваа, само допринесоа за уште позаносен изглед.
Како пејачката изгледаше во ова свое издание и зошто сите зборуваат за овие фотки, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Сара Мејс
Потсетуваме, Сара и водителот Димитар се во брак од 2017 година, а круна на нивната љубов се ќерката Илина (6) и Кирил (3).
Инстаграм/ Сара Мејс
Сара по првата бременост беше мошне здебелена, а во една пригода откри како успеала повторно да се врати во форма.
Инстаграм/ Сара Мејс
„Искрено, Derma Bella се клучниот и најзаслужен фактор. Бев многу здебелена после раѓањето на Илина, но со редовни кавитации, LPG третмани, масажи и малку внимавање на исхрана успеав да симнам 10 кг…. aaand keep counting…?“ сподели познатата пејачка во една пригода во интервју за Гламур магазин.
Инстаграм/ Сара Мејс
И благодарение на својата упорност и на тоа што внимава на својот физички изглед оваа мама денес изгледа неверојатно.
Инстаграм/ Сара Мејс
Инаку, Сара Мејс чие вистинско име е Сара Костадиновска е школуван музичар и свири на еден од најтешките инструменти.
Па така таа е и нашата најубава харфистка, а никого не остава рамнодушен и на своите настапи додека свири на овој инструмент.
Инстаграм/ Сара Мејс
И токму затоа многумина ја споредуваат со светски познатата пијанистка Лола Астанова, иако нашата Сара свири на малку поинаков инструмент, но истовремено и изгледа многу подобро, нели?