Рецепти

И монасите го обожаваат – светогорски посен Јафа колач, никогаш доста од совршен вкус!

Кој вели дека за време на постот не може да се ужива во супер вкусни десерти, тој не го пробал овој совршен колач.

Advertisement

Деновите на Големиот пост се во полн ек, а домаќинките секојдневно бараат вкусни јадења кои се подготвуваат без млеко, јајца и други мрсни состојки.

Доколку и вие сте меѓу нив, тогаш овој рецепт дефинитивно ќе ве воодушеви.

Advertisement

Станува збор за прочуениот Јафа колач во посна верзија, токму онака како што го подготвувале монасите од Хиландар.

Потребни состојки:

500 грама брашно

Advertisement

1/2 кесичка прашок за печиво

Сок од еден портокал

Сок од еден лимон

250 мл млака вода

80 грама шеќер

150 грама посна чоколада за готвење

3 лажици суво грозје

1 лажичка цимет

1 цел портокал

1 рака сечкани бадеми или ореви

Џем од кајсија

Начин на подготовка:

принтскрин јутјуб

Во сад ставете го џемот и шеќерот, па со миксер полека додавајте ја водата додека мешате. Потоа додадете  го циметот, изренданата кора од портокал и сокот од портокал. Додадете ги и оревите или бадемите, сувото грозје и постепено, со мешање, додадете го брашното претходно измешано со прашокот за печиво.

принтскрин јутјуб

Откако ќе добиете компактна смеса, истурете ја во плех обложен со хартија за печење, израмнете ја и малку смесата, протресете го плехот. Печете во претходно загреана рерна на 180°C, најмалку 25 минути.

Додека колачот е сè уште топол, премачкајте го со џем во количина по вкус, а потоа прелијте го со растопена посна чоколада за готвење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button