И македонската Гранд ѕвезда со ПОТРЕСНИ ЗБОРОВИ се збогуваше од своите колеги што загинаа во пожарот
Пејте, свирете… таму горе…најгласно...“ напиша Омер и сподели фотографија од музичарите што загинаа

Голема тага и болка што нема никогаш да помине…
Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Омер Џаферовски, ги растажи сите со една од своите последни објави.
Џаферовски на својот Инстаграм сподели фотографии од колегите музичари чии животи згаснаа во несреќата во Кочани.
„Боли.. и ќе боли уште многу долго време. Трагедија, хорор, пекол. Почивајте во мир златни луѓе“, напиша Омер, па го додаде и следново
„Пејте, свирете… таму горе…најгласно😢Сочувство до сите семејства на починатите. Планетарна трагедија“, напиша Џаферовски на својот Инстаграм споделувајќи колаж од фотографии од младите музичари чии животи прерано згаснаа во пожарот.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа 59 млади животи, меѓу кои и осум музичари кои настапуваа со музичката група „ДНК“. Меѓу настраданите се тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа клавијатуристот на бендот, Филип Стевановски и еден од фронтмените, вокалистот Андреј Ѓорѓиески кој иако излезе од дискотеката, се врати по другите и во тој момент, наводно, паднал и се срушил кровот и паднал врз него.
Принтскрин/ Инстаграм
Настрада и Сара Пројковска која беше придружен вокал во бендот, потоа гитаристот Александар Коларов, тонецот на ДНК, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски попознат како Мартин Буцо кој исто така беше дел од групата ДНК и настапуваше често со нив.
Принтскрин/ Инстаграм
Нека им е вечна слава на сите, а на повредените што побрзо да оздрават и да се вратат кај своите најмили…