Реклама
FashionСтил

И Македонките ги сакаат – како од детски чевли станаа ХИТ кај инфлуенсерките?

Од каде доаѓаат Мери Џејнс чевлите?

Реклама

Во 1904 година, бар-чевлите станале познати како Мери Џејнс кога компанијата Браун Шу од Мисури ги нарекла бар-чевли по палавиот цртан лик Бастер Браун и неговата сакана Мери Џејна.
Пред да се измисли „Мери Џејн“, тие се нарекувале „бар“ чевли и ги носеле децата кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Изненадувачки,  во минатото  почесто ги носеле момчињата отколку девојчињата.

Pinterest

Друга популарна варијација, која и денеска постои е Т-барот. Разликата е во додавањето на друга лента што создава буква Т.

Маркетинг

Мери Џејнс продолжи да се популаризира во текот на 20 век и еве неколку забавни модни факти:

  • Тие беа вообичаена комбинација со флепер фустани од 20-тите години на минатиот век.
  • Во 1934 година, младата Ширли Темпл носеше бела Мери Џејнс во филмот „Бебето зема поклон“.
  • Во 1960-тите, дизајнерката Мери Квант ја облекла манекенката Твиги во вакви чевли, а потоа ги направила моден елемент не само за децата, туку и за жените.

Детските обувки првично носени од двата пола, почнаа да се перцепираат за девојчиња и девојки во текот на 30-те години во Северна Америка и 40-тите  на минатиот век во Европа.

Маркетинг
Pinterest

Денес, Mary Janes за деца, особено класичните стилови, често се сметаат за полу-формални или свечени чевли, соодветни за училиште (многу училишта ширум светот бараат девојките да ги носат со својата униформа), верски церемонии, свадби, посети и роденденски забави на пример. Мери Џејнс останува безвременска класика на детската мода и за многу луѓе, симбол на детството.

Pinterest

Покрај тоа, Мери Џејнс се претпочитан додаток на многу традиционални или народни носии, како што се оние на фламенко-женската танчерка и на типичната жена во Кина на Мао и Северна Кореја на Кимс.

Pinterest

Мери Џејн е всушност лик создаден од Ричард Фелтон Аутко, „Татко на неделниот стрип“, за неговиот стрип Бастер Браун, кој првпат беше објавен во 1902 година. Мери Џејн  сестрата на насловниот лик Бастер Браун, Се работи за викстинска приказна од реалниот живот, бидејќи Аутко имал истоимена ќерка.

Pinterest

Оваа сезона инфлуенсерките „полудеа“ по овие чевли. Удобни се и одговараат со повеќе комбинации. Еве неколку предлози како да ги носите.

Pinterest
Pinterest
Pinterest
Pinterest
Pinterest

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button