„И ова ќе помине“ е реченица која ја изговоруваа старите, а сега и ние ја пренесуваме од генерација во генерација.
Кога се’ ќе ви изгледа незамисливо страшно, кога се’ ќе ви се претвори во ужасен пекол и кога ќе мислите дека немате излез, повторете си и вие дека се’ ќе помине. Нема да останете затрупани во темниот тунел, туку секогаш ќе успеете да се изборите и да најдете зрак светлина.
Но, исто така запомнете и дека кога се’ е совршено и прекрасно, кога сте исполнети со среќа и радост и кога за ништо друго не ви е грижа, запаметете дека и тоа ќе помине. Во животот е најдобро да имаме баланс. Треба да научиме како да го одржуваме балансот во нашиот живот. Нема да успееме ако секогаш занесно гледаме во облаците додека сме среќни, ниту пак ќе успееме ако си ја втурнеме главата во земја кога сме несреќни.
Животот е борба. Сите ние сме овде за да се бориме, да растеме, да се надоградуваме, да си помагаме и да се почитуваме. Ниту една радост не трае долго, но ниту една тага не трае долго. Од се’ има излез. Се’ поминува. Важно е да ја одржуваме човечноста во нас, важно е да се полниме со љубов додека сме среќни, но и да не ја изгубиме љубовта додека сме несреќни.