Наши ѕвезди

И камен би заплакал од она што Тоше го кажа тогаш – овие негови ТАЖНИ ЗБОРОВИ и денес кинат душа (видео)

Најтажното интервју со Тоше

Advertisement

Непребол…

Овој октомври ќе поминат цели 18 години од трагичната смрт на незаборавниот Тоше Проески.

Advertisement

Неговото прерано заминување се уште предизвикува болка кај многумина, посебно кај оние што беа блиски со него.

Принтскрин/ Јутуб

Тој иако цел живот беше насмеан и со ведар дух, во неговото последно интервју, дадено само неколку часа пред несреќата, незаборавниот Проески беше видно нерасположен.

Advertisement

И како што самиот откри тогаш, тој се чувствуваше изморен од славата и за прв пат во неговиот живот призна дека тешко се носи со популарноста и дека сака да се повлече од јавноста.

Принтскрин/ Јутуб

Ова тогаш зачуди многумина, посебно што Тоше претходно никогаш во својата кариера се немаше пожалено на „машинеријата“. Но, овој пат, тој пред камерите отворен зборуваше за тоа дека го ставиле во бубањот и дека тоа максимално го исцрпува, а потоа, во еден момент, со раката покажа и дека од сé му дошло преку глава.

Тоше тогаш истана и дека сака да запознае девојка на која нема да и биде важна неговата слава, туку вистинската љубов.

Принтскрин/ Јутуб

Како изгледаше оваа негова необична исповед што се случи само неколку часа пред несреќата, погледнете во продолжение:

На крајот од емисијата Васил Зафирчев му се заблагодари што одвоил време да биде гостин во нивната емисија, па му посака убав и среќен пат до Загреб, каде Проески требаше да сними два нови спота.

Но Тоше, не успеа да стигне до Загреб.

Принтскрин/ Јутуб

Кога загина имаше само 26 години.

Тоше и манастирот Св. Преображение

Потсетуваме, непрежалениот Тоше Проески настрада трагично на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа.

Проески воедно беше и голем верник, а за тоа сведочи и Манастирот Св. Преображение кој се наоѓа во близна на Крушево, во месноста Ручало, кој е возобновен токму со негова помош.

Принтскрин/ Јутуб, Фејсбук

Имено, сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирскиот комплекс, а голема улога во неговата обнова имаше и Тоше кој донираше многу средства за негово возобновување и секогаш гордо кажуваше и дека тој помагаше и со физичката работа при градбата.

Принтскрин/ Фејсбук

Тоше на ова волшебно место го пронаоѓаше својот мир и за него велеше дека знае дека на крајот ќе заврши тука, во овој манастир.

Повеќе за ова прочитајте тука…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button