И како модна дизаjнерка го сакав фитнесот, вежбам од 14 години- искрено со Катерина ТРИНИТИ
Кате од пушка наброи кои се најзгодните жени во Македонија.
Челичната лејди, шампион во бодифитнес, тренер и моден дизјанер, Катерина Попева, позната како Кате Тринити е жената што во последните неколку години мотивираше многу жени да си ги затегнат мускулите и да ја извадат најдобрата верзија од себе кога се работи за физичкиот изглед.
Својата кариера јавно ја започна како модна дизјанерка со уникатни колекции. Како една жена од модниот свет станува шампион во бодифитнес? За тоа како успева да биде толку строга за да го постигне совршенсвото на сопстевното тело. Бидејќи во јавноста важи за една од најстрогите тренери, не иннтерсита дали се случува да јаде некогаш нешто нездраво?
Кате од пушка наброи кои се најзгодните жени во Македонија. Направивме интересен разговор со прекрасната , насмеана , забавана Кате, уживајте во продолжение.
Неодамна бевте во Дубаи, раскажете ни што се случуваше таму?
Да неодамна бев во Дубаи на еден од најголемите фитнес експоа. Се организира веќе втора година и секоја година завзема се поголем замав. Заедно со мојот тим Azgard Nutrition имавме штанд кадe ги презентиравме нашите најнови производи пропратено со уникатно шоу.
На овој настан присуствуваат едни од најпознатите имиња во фитнес и бодибилдинг индустријата како што се Kai Green , Kevin Levrone, Dexter Jackson, Ronnie Coleman Chris Bumstead, Sergio Oliva Jr и буквалбо сите звезди од новата ера и златната бодибилдинг ера на 90тите.
Освен напорната работа имавме и многу интересно дружење како и фотосесија на Дубаиските плажи со тимот.
Секоја година е ново искуство. Dubai muscle Show е настан кој мора секој да го доживее, поготово оние кои се во фитнес светот. Имаше и бодибилдинг натпревар но јас овде не се натпреварував затоа што морав да се посветам на работата со тимот. Имсм прекрасни колеги со кои поминавме лудо и незаборавно. Ова патување го издвојувам како едно од моите најубави искуства.
Kако ви се допадна Дубаи, дали првпат бевте таму?
Веќе втора година го посетувам Дубаи. Ги посетивме сите позначајни места и знаменитости како што се фонтаните, плажите итн… колку што можевме и имавме време. Интересно беше што посетивме и интересен ноќен клуб каде имаше многу уникатни петформанси со многу добра сценографија и професионални танчери. На тој начин го доживеавме вистинскиот дух на градот. Секако има уште многу да се види. Тоа во следната прилика.
Пробавте ли нешто специфично од храна, пијалок…
Да секако. Минатата година пробавме некои специфични риби и интересни арапски салати со нивните специфични зачини, хумус на 1001 начин:))), различни арапски типучни тортиљи со многу интересни намази. Оваа година не однесоа на вечера со тимот каде пробавме Египетска кујна која е базирана на морска храна. Имаше некои алги или некаква морска трева која ја има специфично само во Египетската кујна. Доста различно и интересно.
Колку една личност како вас, дури и во јавноста позната како строга по правилата за здрав живот, знае да се опушти со „нездрава храна“?
Јас многу ретко скоро никогаш не се опуштам со нездрава храна. Непосредно после натпреварите може да посегнам по некој таков оброк. Но откако ќе се најадам и поминат два дена меракот за тоа поминува и веднаш се враќам на мојата рутина која веќе со години ми е животен стил.
Вообичаено кога ќе ги прашаме луѓето што прават во слободно време , ќе речат вежбам. Кај вас е поинаква формулацијата на прашањето, што правите кога не вежбате? 😊
Во слободно време кога не вежбам пак вежбам:))) Се шалам. Обично читам, цртам или слушам музика.
Каде сакате да излегувате, имате ли омилени места во градот? Каква музика преферирате?
Најмогу уживам кога одам на концерти. А во секојдневието или за викенд обожавам да одам во BKW или Intermezzo на некоја техно журка или хип хоп. Секако доколку има бекојадобра журка одам и во други клубови како Станица и сл.
Слушам tehno, house, hip hop, rock, indie rock, нешто што е добро уникатно, некогаш и добар pop, во суштина различни жанрови и во зависност од расположение и пригода. Слушам дури metal и hard core обично кога вежбам сама:))) овој mood ретко кој ми го трпи 😂😂😂
Како од модата го пренасочивте животниот пат во фитнесот?
Вежбам и сум вљубена во фитнесот од свои 14 год. Правецот во кој модата одеше нешто почна да не ми се допаѓа. Поготово публиката и конзументите во нашава држава имаат малку искривено и погрешно сфаќање за модата и уметноста воопшто. Јас сепак се декларирам како уметник, а не шивач на униформи и плагијатор.
Така некако се посветив повеќе на фитнесот. Тоа е нешто кое ми има најголема смисла и ме одржува во рамнотежа. Животниот пат ме донесе тука и така ете ме сега:) Модата е секако моја прва љубов на која не сум и завртела грб задекогаш. Имам некои планови за кои не би зборувала сега. Но секако ќе ве известам за нови проекти.
Како би го опишале вашиот личен стил на облекување?
Еден и единствен:)) Во поголем дел од денот иако сум во опрема за вежбање, гледам да бидам секогаш средена и уникатна. Авангардна мода љубам многу. Секогаш кога имам повод и пригода се облекувам во овој стил. Како и да е секогаш сакам да сум поразлична… што и да значи тоа: :)
Ако ѕирнеме во вашата чанта во моментов, што ќе најдеме?
Мојат чанта како и секоја женска чанта е комплетен хаос и малку повеќе од тоа:))) Носам од очила, парфем, конец и игла за шиење, четка за заби, чешел, шминки, креми, долен веш:)) Од игла до локомотива. 😂😂😂
Која позната личност од Македонија според вас го има најсовршениот изглед?
Антониа Гиговска, Наташа Фигурела, Елена Стојановска-Јанковска, Евгенија Трифуновска.
Дали за совршен изглед покрај физичката активност игра улога и менталното здравје? Како се прави балнас помеѓу овие две работи?
Секако тоа е најважно. Убавината сепак доаѓа од внатре. Залудно е само физичкии да изгледате добро а внатре да сте празни. Добра мисла, позитивна енергија, уникатност и насмевка во комбинација со грижа за себе од физички аспект е добитна комбинација.
Исто така, можете сите титули, дипломи и признанија да ги имате но доколку не се грижите за себе и од внатре сте празни ништо од тоа не е важно. Работата на себе од секој аспект е многу важна за да бидете комплетна личност и пример за другите.