И Јелена Карлеуша ќе биде дел од „Пинковите ѕвезди“?! Испливаа детали, ќе гледаме ли нова драма?
Каде се Жељко Митровиќ и Јелена Карлеуша заедно, таму секако ќе биде и најголемата драма и тоа не е за потценување, коментираат многумина...

Ова ги изненади сите
Јелена Карлеуша и Жељко Митровиќ ги изненадија сите со нивната заедничка објава на социјалните мрежи.
Следуваа бројни шпекулации дека балканската поп-дива би можела да се појави во улога на жири во новото шоу на телевизија Пинк, нешто што навистина ќе биде големо изненадување за сите.
Инстаграм
Имено, Жељко го промовираше својот нов проект, Пинк АИ, вештачка интелигенција наменета за неговата телевизија.
Но најголемо внимание привлече тоа што промотивното видео Жељко го направи токму со Јелена Карлеуша, па ова веднаш предизвика бројни шпекулации дека ЈК ќе биде и во „Пинковите ѕвезди“.
sta? Karleusa u pinkovim zvezdama? #caosvima pic.twitter.com/8mEivdRPsV
— Božana Starleta (@SlucajnoKoketan) August 3, 2025
„Јелена Карлеуша и Жељко Митровиќ… На повидок нова голема соработка. Покрај ‘Пинковите ѕвезди’ претпоставувам дека во новите спотови за новите песни ќе биде употребена ОПЕНПИНК АИ платформата, која што ја развива Жекс. Тој и за спотот ‘Karlybi*ch’, го позајми својот авион“, пишува во еден од коментарите во врска со новиот проект на првиот човек на розовата телевизија.
Инстаграм
Потсетуваме, Јелена Карлеуша долго време беше дел од „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде Цеца Ражнатовиќ.
Но по смртта на Саша Поповиќ се направија големи промени, посебно кога станува збор за жирито на ова популарно шоу.
Најпрво си замина Марија Шерифовиќ, а потоа и Драган Стојковиќ Босанац, па и кумата на Цеца, Вики Миљковиќ.
Инстаграм
Големо изненадување беше и тоа што Вики и Босанац преминаа во новото шоу на телевизија Пинк, а според досегашните информации, Цеца останува во „Ѕвездите на Гранд“, барем уште две сезони.
Повеќе за тоа зошто Цеца останува, прочитајте тука.
Таа дојде на местото на Јелена Карлеуша во ова шоу, a познато е дека тие веќе со години не се во добро односи.
Сето ова дополнително ги подгрева шпекулациите дека Карлеуша би можела да биде дел од новото шоу на Пинк, а дали овие претпоставки и желби на публиката ќе се остварат, наскоро ќе дознаеме.