И јас се прашувам ЗОШТО ретко ме има по медиумите – искрено со струмичанката Славица, победничка на „Ѕвездите на Гранд“
Пресреќна сум што сум Македонка, ако не бевте вие немаше да победам, вели Ангелова.
Младата струмичанка Славица Ангелова, девојката која се вивна на врвот на „Ѕвезздите на Гранд“ и минатата година ја направи Македонија победник на ова музичко шоу е вистинско освежување за македонската музичка сцена.
За нејзиниот глас таа постојано добиваше пофалби од сручното жири. Ментор на нашата Славица и беше Ѓорѓе Давид, со кој таа се уште е во контакт. Во разговорот кој го направивме таа ни откри со кој уште комуницира од Србија, ја прашавме и дали според неа „Ѕвездите на Гранд“ имаат и маани, зборувавме и за тоа зошто многу ретко ја има по медиумите, но се обидовме да ја запознаеме и малку повеќе приватно.
Славица ни откри кој и е надимак и дали има скриен талент. Низ овој разговор ќе дознаете интерсни факти за неа.
Уживајте!
Како се развива вашата музичка кариера по победата на „Ѕвездите на Гранд“?
– Со оглед на обрските кои секојдневно ги имам поврзани со факултетот и учењето, сум задоволна со тоа како се движат работите на музички план. После победата веднаш имав многу концерти низ целиот Балкан заедно со мојот ментор Џорџе Давид, како дел од неговиот бенд заедно со Ивана Петерс и Александар Јосифовски. Веќе имаме договорено доста концерти и за оваа лето.
Не сум 100 проценти се уште одадена на музиката, но има време за се ако се сака. После победата веднаш излезе мојата прва песна за Гранд Продукција Руже и крв.
За победата многупати сум рекла дека секој од нас натпреварувачите искрено ја посакуваше, така и јас, но најмногу од се ме радува колку ние Македонците сме силни заедно, поддршката што ја добив од сите вас.
Не победив јас, туку Македонија.
Дали сте задоволни од тоа каква подршка добивте од Македонија и Македонците за вашиот успех?
– Пресреќна сум што сум Македонка, ако не бевте вие немаше да победам. Вие ме бодревте и ми дадовте сила да дојдам до поскуваниот успех. Ви благодарам од срце.
Комуницирате ли уште со некој од Ѕвездите на Гранд?
– Многу контакти останаа и понатаму да се одржуват. Пред се ќе го спомнам мојот ментор Џорџе со кој многу често се слушаме, се гледаме и за секој чекор кој го превземам најпрво со него се консултирам, бидејќи тој навистина е личност кој знае да ме насочи по правиот пат. Како што реков и претходно, заедно настапуваме на многу концерти кои мене ми значат многу.
Често контактирам со некои од натпреварувачите , и тоа не само од тимот во кој бев јас туку и од останатите тимови. Договараме соработки и слично. И понатаму остана комуникацијата со голем дел од водителите и менаџерите во Гранд.
Кои три работи ќе ги пофалите , а кои три работи ќе ги искритикувате во организацијата на „Ѕвездите на Гранд“?
– Ѕвездите на Гранд е музичко шоу од кое може да се научи многу. Искрено има многу работи кои се за пофалба, и тоа нови искуства, нови луѓе и те учи на професионализам. Како критика немам некоја посебна.
Ќе има ли нова музика од вас?
– Секако дека не застанувам, туку напротив имам многу планови кои посакувам да ми се реализират што е возможно поскоро. Деновиве излезе мојата нова песна која е во дует со Касапски. „Стакла“ е насловот на новата песна за која сакам да кажам и да го пофалам тимот со кој работев. Прекрасни луѓе, професионалци во својата работа и мило ми е што ги запознав со овој поект. Се надеваме дека публиката ќе ја прифати СТАКЛА и ќе го засака оваа преубаво музичко парче.
Во песната покрај Касапски кој освен вокал се јавува и како одговорен за музиката и аранжманот, ќе ги спомнеме и Робин Зимбаков кој го напиша текстот, а се снимаше во студиото на Роберт Билбилов, Добивме еден светски видео запис со профи танчери .
Многу малку ве има во македонските медиуми на што се должи тоа? Дали вие одбивате интервјуа или нешто друго е во прашање?
– И јас се прашувам ЗОШТО е тоа така. Мислам дека е до македонските медиуми кој се глуви за секој нов проект. Досега на секоја покана која ја имам добиено дали во студио или интервју во пишана форма никогаш немам одбиено. Можеби доста новинари сметаат дека не сум во Македонија и не ме бараат за интервју, но јас сум достапна и во било кое време и на било која покана ќе одговорам.
Да ве запознаеме малку повеќе. Кое е вашето хоби? Што сакате да правите во слободно време?
– Обожавам да читам, да патувам, да пеам…
Имате ли надимак?
Инаку уште од мала сите ме викаат Цаци. Кога некој ќе ми подвикне како Славица, значи нешто не е во ред (хехе)
Имате ли некој скриен талент за кој јавноста не знае?
– Умеам да шминкам.
Што или кој ви е најголема слабост?
– Моето семејство е мојата најголема слабост. Посакувам да бидат сите здрави. Од неодамна ја изгувив мојата баба која многу ја сакав и ми беше голема поддршка во се што правев.
На која личност и се дивите, воодушевувате од македонската сцена?
– Има повеќе личности кои би ги спомнала. Ако зборувам за музика неможам а да не го спомнам Тоше Проески. Лик кој треба сите да учиме од него. Хуманост и скромност.
Но, ќе ги спомнам и Калиопи, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Анета Молика…
Како една млада дама како вас се негува? Имате ли некакви редовни ритуали, откријте ни некоја тајна за женската убавина?
– Негата е неминовна за сите нас. Пред се сонот ми значи многу, но често не успевам поради обрските да отспијам како што сакам јас. Се трудам да се хранам здраво и да пијам колку што можам многу течности. Вежбам и пешачам секоја прилика која ке ми се укаже.
Кој ви е најубав дел од Македонија?
– Македонија плени со убавини. Има места кои се уште не сум ги посетила, но ги имам на мојата листа. Но, Охрид го обожавам како град, фасцинирана сум не само од убавините туку и од луѓето и топлината што ја шират.