И го скршил черепот на партнерката, ѝ сечел делови од телото и ги сокрил: Морничави детали за убиството на жената во Штип

Штипското обвинителство соопшти грозоморни детали за убиството кое беше расветлено викендов, кога беше утврдено дека 74-годишен годишен маж ја убил пет години постарата партнерка.
– Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата- соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител бара притвор за осомничениот за убиство. Дека жената е мртва се дозна откако нејзината сестра на 24 октомври пријавила дека ја нема. Полицијата открила дека мажот ја грабнал и држел во неговиот дом, а при претрес во неговиот дом кој бил извршен на 10 ноември биле најдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. Убиецот тогаш признал што направил и детално го објаснил начинот на убиството.




