И Германија не е тоа што беше – илјадници работници си заминуваат, а ќе има промени и за Македонците?!
Апсурдни проблеми за многу компании заради кои десетици илјади работници заминуваат од оваа земја

И Германија не е она што беше некогаш?!
Само во текот на минатата година околу 27.000 странски работници кои имале договори ја напуштиле Германија.
И како што пишуваат медиум, причината е во тоа што германската агенција а вработување мисли дека примањата се премали.
Па така многу компании кои нашле работници од странство и покрај сите потребни документи што ги имаат, не можат да ги вработат овие лица заради апсурдната одлука на Bundesagentur für Arbeit (BA), со која прават нешто што е спротивно од она што е интерес на сите.
Неколку големи германски компании веќе се жалат дека не можеле да вработат бегалци, па дури и квалификувани работници, затоа што нивните договори биле одбиени.
Како што пренесуваат германските медиуми, а објави хрватскиот Феникс-магазин, службата за имиграција не сакала да одобри илјадници работни дозволи со образложение дека платата за таа работа е значително поголема, наместо сумата која што стоела во договорот.
Фото: Фрипик
Необична пракса?
Апсурдно е што и висококвалификуваните работници се одбиени заради премали плати, па така многу фирми морале да ги раскинат договорите.
Вакви случаи има и во Берлин и Хамбург, па така една фирма од Хамбург (Аргус) сакала да вработи архитект од Азербејџан, но затоа што договорената плата била неколку стотици евра помала од очекувањата на БА, договорот пропаднал.
И во Берлин исто така студио за виртуелна реалност му понудил работа на Индиец кој дипломирал во Амстердам плата од 2500 евра.
БА ги одбил – и оваа плата според нивните критериуми била премала.
Проблемот е што ова не се изолирани случаи во Германија, туку масовна појава. Само во текот на минатата година БА одбиле 90.000 барања за вработување на странски работници, а во 27.000 од овие случаи образложението било дека платата не е согласна според членот 39 од законот за престој (кој ги штити странците од неповолни услови во однос на домашните работници).
Тоа е 75 % повее одбиени работни дозволи отколку само една година претходно, пишува Феникс магазин.
Според упатените во оваа проблематика, овие бирократски проблеми и штетат на економијата, посебно што Германија очајнички бара работна сила и се уште се соочува со недостаток, па крајно апсурдно е што оние што сакаат да работат и веќе имаат најдено работа, тоа не можат да го направат.
Фото: Фрипик
Промени и за работниците од Балканот?
И додека од една страна постојано се потенцира дека Германија се соочува со недостаток на работна сила, новата влада планира да воведе дополнителни мерки, но во спротивна насока.
Па така според новата коалиција бројка на работници мигранти од Западен Балкан треба во најмала рака да се преполови.
На овие планови на новата германска влада се противат многумина, па така на пример според експертот за миграција од IW, Видо Гајс-Тене, намалувањето на квотите за миграција би било погрешно и крајно контрапродуктивно за државата.
Според податоците на овој експерт, бројот на вработени од земјите од Западен Балкан кои не се дел од ЕУ од 2019 до 2024 пораснал за 165.000 работници достигнувајќи цифра од 521.000 работници.
Експертот нагласува дека многу од овие мигранти работат како квалификувани работници – само во текот на летото 2024 околу 300.000 од нив имале работа која бара стручно образование или диплома, што е за 100.00 повеќе отколку пет години претходно, објави RND, а пренесе „Телеграф.рс“.
Покрај овие бројки, податоците покажуваат и дека бројот на лица од оваа група кои примаат социјална помош е намален, така што во целина мигрантите од Западен Балкан многу повеќе допринесуваат со порези и даноци отколку што примаат државни бенефиции, така што нема потреба за ограничување на миграцијата.
Повеќе за ова прочитајте тука...