И додека во Кочани течат солзи и се грчат во болка, овие БЕЗДУШНИЦИ немаат ни трошка милост и емпатија
Нема да ви се верува какви коментари пишуваат некои во врска со несреќата што се случи во Кочани

Понекогаш навистина се срамиме со кого живееме…
Вчера големо внимание привлече веста со момчето од Кочани што изведе перформанс во центарот на Скопје.
Веруваме дека нема некој што не го виде она што тој го направи на Плоштадот Македонија во Скопје, но и што не ги слушна неговите трогателни зборови и апелот да им се помогне на жртвите во страшната несреќа што се случи во Кочани.
Принтскрин/ ТВ Кочани
И како што самиот тој изјави, во несреќата изгубил петмина другари, а сега само бара од одговорните да не го забораваат неговиот град.
Тој спомна и дека многу деца останале без прсти и раце и се вратиле инвалиди од болниците, па апелираше до сите, но најмногу до одговорните во државата, да им се помогне на овие невини млади лица кои настрадаа во страшната несреќа во Кочани.
Оваа снимка веднаш стана вирална, а потоа беше откриено дека во прашање е младиот Мартин Кировски, кој е дел и од иницијативата за помош на настраданите „Супорт Кочани“ (Support Kocani).
Но она што не шокираше беа неколку коментари на кои случајно налетавме, а кои беа напишани под објава на порталот Скопје1 кои го снимија момчето додека го изведуваше својот перформанс за настраданите.
Имено, додека сите се уште сме во шок од она што се случи, некои наши сограѓани толку се безмилосни што навистина ги преминаа сите граници. Па, еве ги нивните коментари, сами заклучете за што всушност тука станува збор, но и запрашајте се дали токму заради ваквите имбецили ни се случува она што ни се случува.