Бизнис

И додека ние чекаме поврат од ФИСКАЛНИТЕ СМЕТКИ, Германците најавуваат големи промени во маркетите

Кај нас ова е строго забрането, а оној што не ги почитува мерките може да се соочи со сериозни казни

Advertisement

И додека кај нас фискалните сметки се собираат за МојДДВ, Германците планираат истите да ги укинат …

Како што пренесуваат медиумите, Сојузната влада на Германија планира да го укине задолжителното издавање сметки.

Advertisement

Како што пишува порталот RUHR24.во иднина трговците ќе издаваат сметки само на оние што ќе ја побараат истата, односно нема да мора да ги штампаат автоматски, туку само по желва на потрошувачот.

Фото: Фрипик

Па така со овој закон милиони Германци повеќе нема да мораат да ги добиваат несаканите сметки кои потоа мора да го фрлат во канта.

Advertisement

Новата влада планира да ја укине оваа обврска која во Германија е на сила од 2020 година, па така во нивниот договор се вели:

„Ќе ја укинеме обврската за издавање сметки. За претпријатија со годишен промет поголем од 100.000 евра воведуваме задолжително користење фискална каса од 1 јануари 2027 година“, пишува Телеграф.рс.

Сепак, она што е најважно е дека сметките ќе останат и понатаму достапни. па секој што ќе побара, ќе може да ја добие.

На овој начин трговците ќе ги намалат трошоците и администрацијата, а корист ќе имаат и купувачите и животната средина затоа што ќе има значително помалку отпад од хартија.

Оваа мерка е поддржана од Германското здружение на трговци (HDE), а според генералниот директор Штефан Гент, главниот проблем е во недостатокот на контрола, а не во сметките.

„Потрошувачите не треба да го сносат товарот на контролата на работењето“, вели Гент за германските медиуми.

Фото: Фрипик

Реформа како чекор кон дигитализација

Новата германска влада е под притисок и од итната потреба да се модернизира дигиталната инфраструктура.

Укинувањето на хартиените сметки и преминот на дигитални сметки е следниот логичен чекор, а во тој контекст се вклопува и најавеното воведување на таканаречениот граѓански налог („Bürgerkonto“). Но за ова во некоја друга прилика…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button