И додека некои ги мразат овие фармерки, познатата Македонка ги носи со стил и блеска во нив
Погледнете ги овие две интересни модни изданија на една од најпознатите Македонки на Инстаграм...

Која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?
Познатата инфлуенсерка и наша модна икона, Агнеса Органџиева, повторно е во центарот на вниманието на Инстаграм.
Имено оваа наша модна дива што и да облече привлекува внимание, па често знае и да ја заскокотка фантазијата на многумина.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа тоа го направи и со ова свое издание, облечена во бела креација од глава до пети, истакнувајќи го своето згодно тело.
Имено, згодната русокоса со ова свое издание одвај го задржа деколтето на свое место, посебно што немаше бретели, но затоа предизвика воздишки и бројни коментари на сметка на својот женствен изглед.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа изгледаше како некоја самовила, а во фокусот беше и нејзиниот рамен стомак и тетоважите што ги има на ова место.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Потсетуваме, Агнеса важи за една од најпознатите Македонки на Инстаграм, а често и за модна инспирација на многу дами.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Што и да облече, таа изгледа и гламурозно и шик во исто време, па дури и кога носи обични и не премногу скапи парчиња.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Па така Агнеса привлече внимание и неодамна кога позираше во скинати фармерки во својот дом во Кисела Вода.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Позираше покрај шанкот, седната на столче, а во фокусот повторно беше нејзиниот разголен струк и долгата руса коса.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа овие фармерки ги носеше во комбинација со кроп-топ и шик бели високи потпетици со кои му додаде шмек на целото издание.
Па, која од овие две комбинации на Агнеса ви се допаѓа повеќе?