Бизнис

И додека Македонците се греат на дрва, еве што прават Германците – и за ова плаќаат помалку од нас

Овој начин на греење станува хит и кај нас, но субвенциите во нашата земја се многу помали...

Advertisement

И Германците ги боли глава од превисоките сметки…

Откако почна војната во Украина, во сите региони во Германија „експлодираа“ и сметките за греење.

Advertisement

Како што пишува „Дојче веле“, од 2021 до 2024 година, трошоците за греење во оваа развиена европска земја пораснале за цели 82 проценти, а трендот со поскапување ќе продолжи и во иднина, така што нема надеж дека греењето во блиска иднина ќе биде поевтино.

Според податоците, во 2022 година повеќе од половина станбени згради во Германија се грееле на гас, додека една четвртина со масло за греење. Централното греење опфаќало седум проценти од станбените згради, а сите други извори на енергија биле помалку застапени.

Од овие податоци, во моментот најскапо во Германија е за оние што се греат на централното греење.

Advertisement

Најевтино е за оние што користат топлински пумпи, а гасот и маслото за греење се некаде на средина.

Од овие причини, многу семејства во оваа земја бараат поинаков начин на греење, како би имале помали трошоци.

Фото: pixabay

Топлинските пумпи најисплатливи?

Како што пренесуваат германските медиуми, во оваа земја продажбата на топлински пумпи во првата половина од годината се зголеми за 55% во споредба со минатата година. И ова зголемување се случува во исто време додека продажбата на системи за нафта и гас се намали.

Но, постои неизвесност околу продолжувањето на субвенциите за купување топлински пумпи што може да влијае на понатамошното зголемување на продажбата на топлинските пумпи.

Имено, тие сега се најпродаваниот систем за греење во Германија, но на овој тренд би можеле да влијаат субвенциите.

Поранешниот министер за економија Роберт Хабек (од партијата на Зелените) постави цел од половина милион нови топлински пумпи годишно. Сепак, како што пренесуваат медиумите, Германија се уште е многу далеку од постигнување на оваа цел.

Проблем со субвенциите?

Претпоставката е дека бројот на продадени нови пумпи до крајот на оваа година ќе биде половина од наведената цел.

И покрај тоа што продажбата на овие грејни системи во првата половина од оваа година се зголеми за 55 проценти, се уште е неизвесно како ќе реагира владата на предлогот за намалување на субвенциите, па од тука и претпазлив оптимизам во индустријата за топлински пумпи.

Во моментов овие субвенции изнесуваат од една третина од трошоците па се до 70 отсто за финансиски послабите домаќинства.

Покривањето на овие трошоци од страна на владата допринесе да се зголеми продажбата на топлинските пумпи, но во исто време значително и да се намали продажбата на системи за греење на нафта и гас.

Сепак, многу домаќинства во моментот се претпазливи, бидејќи постои можност владата да ги укине овие субвенции.

Од друга страна поборниците на овој систем на греење се борат субвенциите да не бидат укинати, затоа пто еден голем дел од системите за греење во Германија, некаде околу една петтина, се постари од 30 години, така што потребно е да бидат заменети што поскоро.

Фото: pixabay

Во Македонија субвенции до 20 %

Субвенции за топлински пумпи постојат и во Македонија и се опфатени со Програмата GEFF на Европската банка за обнова и развој во Западен Балкан. Со оваа програма домаќинствата можат да обезбедат парични средства да инвестираат во енергетски ефикасни технологии каде покрај поставување на топлинските пумпи спаѓа и поставување на термална изолација, соларни PVs итн.

Програмата ги поддржува домаќинствата во Македонија кои сакаат да инвестираат во „зелени“ технологии со субвенции до 20% од страна на Европската унија. Како за споредба, овие субвенции во Германија се движат од една третина од трошоците, до 70 % за посиромашни семејства. Во Македонија голем број семејства се веќе се дел од оваа програма, а со поставување на овие системи со топлински пумпи ќе можат да заштедат на сметките за енергија за ладење и греење за три до пет пати, пишува ebrdgeff.

Извор: Дојче веле, Блиц.рс, BR24, EBRDGEFF

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button