И додека цел Балкан му се смее за „копитата“ на нозете, холивудските ѕвезди очигледно не мислат така
Носи „копита“ од 1300 евра на нозете?!

Контроверзниот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, направи невидено шоу во една српска емисија.
Имено, Боки по цели 10 години прв пат замина во Белград, па откако го посети гробот на својата пријателка Марина Туцаковиќ, се појави во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Ами-џи шоу“, и за ова негово гостување веќе со денови пишуваат речиси сите медиуми во соседството.
Но покрај контроверзните изјави и неговата исповед во врска со затворските денови, Боки ги изненади сите и со својот стајлинг.
Принтскрин/ Пинк, Ами-џи шоу
Тој за оваа пригода носеше црно сако и панталони во иста боја, од кои само сакото чини околу 4000 евра.
Боки ги изненади сите и со скапоцениот накит што го носеше, но дефинитивно во главна улога беа неговите необични чевли.
Принтскрин/ Пинк, Ами-џи шоу
Станува збор за модел во форма на копито кој е познат меѓу светскиот џет-сет и ги носат само оние со длабок џеб.
Инстаграм/ Боки
На официјалната страница на „Maison Margiela“ овој модел се продава за 1300 евра, но во споредба со сите останати детали, овие чевли иако изгледаат шокантно и се поприлично „солени“, за Боки тоа очигледно не е проблем – тој не штеди пари кога е мода во прашање, нели?
Инстаграм/ Боки
Голем хит од Холивуд до Мелбурн, па и на Балканот…
Овие чевли откако се појавија на модната сцена веднаш привлекоа внимание и станаа хит од Холивуд, па се до улиците во Мелбурн, а сега по ова издание на Боки, станаа хит и на целиот Балкан.
Моделот се појавува уште во 80-те, а дизајнерот Мартин Маргиела прв пат ги видел како ги носат работниците во Јапонија.
Инстаграм/ Боки
Колекцијата на овој бренд сега вклучува мокасини, чизми и балетанки кои заради дизајнот потсетуваат на копита, а на официјалната страница на популарниот бренд еден модел се продава и по цена од околу 10.000 долари – каубојски чизми украсени со вештачки кристали.
Tabi loafers- $ 1,290
Овие модели преку ноќ станаа хит во целиот свет, а од страна на индискиот Вог беа прогласени за чевли на годината.
Tabi Bianchetto Boots – $ 1,690
Како изгледаат новите „Таби“ модели кои се препознатливи по тоа што се со раздвоени прсти, погледнете во продолжение:
Tabi lace-ups – $ 1,290
Инаку, широката употреба на „таби“ чевлите во јапонската култура е базирана на верувањето во нивните здравствени бенефити. Наводно, разделеноста на ножниот палец од останатите прсти би требало да го поддржуваат балансот и да поттикнуваат правилно движење, пишува модната „библија“ Вог.
Tabi loafer – $ 1,220
И откако се појавија во издание на Маргиела, овие чевли преку ноќ ги освоија вљубениците во модата и денес речиси нема голем моден настан во светот на кој нема да го забележите овој специфичен модел.
Тие денес важат за „if you know, yоu know“ симбол, така што веќе ги има во најразлични варијанти и во издание на многу брендови.
Tabi ankle boots – $ 1,490
Па така во овие чевли можевме да ја видиме Аријана Гранде на Мет гала забавата, а истата вечер ги носеше и Бед Бани.
Tabi County sandals – $ 1,650
Други познати личности што ги имаат во своите плакари се лица како Зендеја, Дуа Липа и Грета Гервиг кои исто така ги обожаваат.
Tabi county mary jane – $ 1,350
Tabi City Mary-Janes – $ 1,220
Tabi City loafer mules – $ 1,190
Фото: Маисон Маргиела