И Цеца се огласи по страшната несреќа што се случи во Македонија: „Боже мили, зошто“ напиша таа
Естрадата во солзи...

Андреј Ѓорѓиески, од ДНК беше татко на десетгодишна ќерка, Сара Пројковска самохрана мајка
По веста за страшната трагедија во Кочани во која загинаа најмалку 59 лица се огласија и бројни познати личности од регионот.
Една од нив е и Светлана Цеца Ражнатовиќ која објави слика од нашето знаме и изрази сочувство до семејствата на загинатите.
„Боже мили, зошто?“ напиша Цеца, па додаде:
Инстаграм
„Искрено сочувство до мојата Македонија“, напиша таа.
Инстаграм
Цела естрада во солзи
По страшната несреќа се огласија бројни познати личности од Македонија, а дел од нивните пораки погледнете во продолжение.
Инстаграм
Тие сите беа затекнати од веста за страшната трагедија, а многумина се збогуваат и од членовите на бендот ДНК што загинаа.
Андреј идентификуван од сопругата
Меѓу жртвите е и пејачот на групата „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески, а како што пренесуваат медиумите, бил идентификуван од страна на неговата сопруга Наталија, која го идентификувала по часовникот.
Андреј беше татко на десетгодишна ќерка, а во несреќата почина и младиот тапанар на ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица.
Инстаграм
Во несреќата згасна животот и на Сара Пројковска, професорка по пијано на ФМУ и придружен вокален во бендот.
Инстаграм
Пројковска беше самохрана мајка на две деца, а нејзиниот поранешен сопруг, џез трубач и наставник по труба, музичарот Александар Николовски почина во 2021 година, на 48 годишна возраст.
Меѓу повредените е и Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ кој има изгореници на лицето и рацете и е на кислородна поддршка.
Инстаграм
Во пожарот во Кочани загина и музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој исто така беше дел од групата „ДНК“.
Инстаграм
И младиот Горги, тапанарот на ДНК загина во пожарот
Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез науки, а работеше и како професор.
Инстаграм
Почина и официјалниот фотограф на бендот Александар Ефремов, кој секаде ги следеше Андреј и Панчо на нивните настапи.
Потсетуваме, според сведоци, Андреј од ДНК последен пат бил виден како се враќа во дискотеката по втор пат за да ги спаси децата што останале во дискотеката по катастрофалниот пожар.
Инстаграм
22 лица во критична состојба
Бројот на загинати лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани досега е 59 лица, а меѓу жртвите има и малолетни деца.
Во моментот се хоспитализирани 155 лица низ болниците во Македонија, а некои од нив кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на лекување во Бугарија, Турција, Грција и Србија.
Инстаграм
Ова го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој додаде дека 22 лица се во тешка состојба.
.