И Цеца и Мили воодушевени од шармот на распеаната Македонка – свири виолина, на сцената блеска
Продукцијата овој пат донесе неочекувана одлука заради која животот на оваа Македонка може многу да и се промени...

Шармантната Ангела Влинтовска од Скопје беше една од 20-те кандидати што вчера се претставија во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа има завршено музичка академија и се занимава со музика – свири на виолина во Македонската опера и балет во Скопје.
Во жирито имаше поддршка од нејзините родители, а на сцената се појави во фустанче во кој изгледаше како вистинска кукла.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И токму заради шармот, Ангела успеа и да помине, но од бараж, бидејќи од жирито не доби доволен број гласови.
Таа се претстави со македонски песни, но речиси сите и порачаа за следниот круг да избере нешто што ќе и лежи повеќе, поразиграни песни со кои ќе ја истакне својата енергија и ќе заблеска на сцената.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Ќе поминеш понатаму, што од срце ти го посакувам, но би сакала да те слушнам во некое ново руво. Како што вели Дара, да видиме нешто помодерно, да видиме кои се твоите домети и да добиеме впечаток. Тука беше некако клацкалица, точно но некако без енергија“, и порача Светлана Цеца Ражнатовиќ на убавата пејачка по настапот.
„Ти на мене си ми божествено убава, толку си слатка, толку ми зрачиш, прекрасна си. Но ќе се согласам со Цеца и ќе кажам дека навистина беше малку млако“, беше коментарот на Сања Вучиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Изгледаш како од некој цртан филм на Дизниленд. Прекрасна некоја енергија и визуелно, но што и да ти кажеме тука, техника, ова, она… Еден пејач станува голем кога на сцената ќе исфрли огромна количина на енергија. И таа енергија треба да биде и во веселење, но треба тоа да биде и тага, различни расположенија. Но енергијата, ние и на Стоунси одиме и купуваме карти за да ја почувствуваме енергијата на Џегер. На тој цел бенд, ние за тоа плаќаме, не плаќаме само заради гласот или песната, туку ја плаќаме енергијата. Тоа е она на што ти би морала да се фокусираш“ ѝ порача Мили на младата пејачка.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна, Снежана Ѓуришиќ ја пофали за изборот на песни, посебно што на нејзини години ја познава народната музика.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Неочекувана одлука во баражот
Од дваесетте кандидати што се претставија оваа вечер во „Ѕвездите на Гранд“, само десетмина поминаа директно во следниот круг. Но продукцијата во последен момент донесе преседан со кој ги израдува гледачите, но и натпреварувачите, така што наместо дванаесет, колку што треба да поминат според правилата во првиот круг, поминаа тринаесет.
Имено, продукцијата овој пат одлучи да поминат вкупно тринаесет, односно еден кандидат повеќе, а меѓу нив и нашата Ангела.




