Популарното Hyundai Coupe пред некоја година го доживеа првиот позначаен и поголем редизајн и така си обезбеди додатен стаж за наредните години. Сето ова се случи некаде при крајот на 2007 година, па да се потсетиме.
Редизајнирани беа предниот и задниот крај, како и бочната силуета, која што доби динамични краеви (ќе видите на сликата подолу). Стандардниот модел, во кој има место за двајца атлетски градени мажи од нашиве простори на предниот дел, како и место за две помали Гркинки на задните седишта (а може да се прави и нешто поразличен распоред, сé зависи од фантазијата и моменталните желби нели…).
Hyundai Coupe од 2007 се појави со 2.0 16 V DOHC CVVT мотор, а подоцна, во почетокот на 2009 се појави и новиот модел со 2.7 V6 мотор, за оние кои имаат желба да глумат главни фаци кога ќе се појават на семафорите.
И најдобро од сé е тоа што сево овој спортски автомобил на пазарот се движи за цена од сосема прифатливи 19 000 евра. Баш кул, нели?!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.