Реклама
Наши ѕвезди

Хурем заврши во болница

Реклама

Една од најпознатите турски актерки заврши во болница.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерјем Узерли која што се прослави со улогата на Хурем во серијата Сулејман величествениот пред неколку дена требаше да присуствува на еден филмски фестивал во Адана. Но бидејќи и се слошило пред да полета со авионот, таа беше однесена во болница, раскажува нејзин пријател.

Тој за турските медиуми изјави дека актерката поради исцрпеност имала проблеми со здравјето.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

„Последните неколку месеци постојано е во движење. Поради тоа е исцрпена. Беше во Германија, Франција, Америка… се појавува на бројни фестивали и секаде е една од најприфатените гостинки. Но не може да сфати дека и е потребен одмор. Затоа и докторите ја предупредија да води грижа за себе бидејќи во спротивно може да го загрози здравјето“, изјави пријателот.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Познатата актерка со порцелански тен и големи сини очи неодамна ги изненади своите пријатели и со промената на својот изглед. Таа тогаш се најде на удар на критичарите кои и замерија дека со пластични операции си го уништила лицето, но откако објави фотографии на кои е без грам шминка ги замолчи сите. Таа и денес поради својот изглед е во центарот на вниманието каде и да се појави и се уште важи за една од омилените турски актерки.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button