Реклама
Нега и здравје

Хумус – многу е здрав, но како да го направите?

Реклама

Хумусот е популарно јадење кое потекнува од Блискиот исток. Тоа всушност е намаз, паста или сос направен од леблебија и тахини и обично се јаде со леб, тортиља, и слично, најчесто за појадок.

Има изглед и густина слична на путер од кикиритки. Популарен е поради убавиот вкус, но и поради големата хранлива вредност.

Маркетинг

За подготовката на хумусот се користат неколку состојки, но главни се леблебијата и тахини пастата.  Леблебијата е голем извор на протеини. Тахини е паста од сусам. Има силен вкус, па затоа најчесто се користи во мали количини. Останатите состојки на хумусот се едноставни и добро познати: сок од лимон, сол, свеж лук, пиперка и маслиново масло. Хумусот се подготвува така што сите состојки се мелат и се добива мазен намаз. Потоа по вкус се додаваат зачини.

Леблебијата е многу здрава – зошто?

Маркетинг

Леблебијата не содржи холестерол и заситени масти, а е многу богата со протеини. Поради тоа таа е многу здрава намирница, а хумусот е посебно омилена храна за вегетаријанците бидејќи е здрав, заситува и има одличен вкус. Леблебијата, исто така спречува и таложење на холестерол во крвните садови и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Што е тахини и колкава е неговата хранлива вредност?

Тахини е паста од сусам и масло. Многу е калорично, но се користи во многу мали количини и главно содржи незаситени масти, па не треба да ве загрижува. Богат е со протеини и исто така претставува одличен извор на калциум.

Здравите состојки на маслиновото масло

Како што сите веќе знаеме, маслиновото масло содржи здрави масти, односно содржи полно мононезаситени масти, а малку заситени. Придонесува за регулирање на холестеролот и го штити срцето од разни болести.

Предностите на лукот и сокот од лимон

Лукот и сокот од лимон се полни со антиоксиданси, го подобруваат имунитетот и се борат против бактериите и вирусите.

Хумусот содржи омега 3 масни киселини, кои се одлични за подобрување на интелигенцијата и одржување на здраво срце. Освен ова, хумусот содржи и железо, витамин Б6, манган, бакар, фолна киселина и амино киселини кои влијаат на добриот сон и доброто расположение.

Хумусот може да се користи како намаз во сендвичи, како прелив за салати или како сос за зеленчук и прилог на главните јадења. Со неговото воведување во исхраната сигурно правите чекор напред во здравата исхрана.

Овде ви даваме една од многуте варијации на рецептот за хумус.

Рецепт за хумус


Потребни состојки:

200 гр. сварен слануток (или од лименка)
2 чешниња лук
6 лажици сок од лимон
2 лажици сусам (за тахини)
6 лажици маслиново масло
зачини по желба: ким, магдонос, коријандер, чили, бибер

Подготовка:

Пропржете го кратко сусамот во тава без масло, оставете го да се олади, па измелете го во блендер или мултипрактик апарат. Можете да користите и готова тахини паста од продавница.

Исцедете го сланутокот од водата (зачувајте малку од водата) и додадете го во блендерот и мелете додека не добиете еднолична смеса. По потреба додадете малку вода од водата во која се варел сланутокот.

Во смесата додадете го лукот, убаво истолчен, сокот од лимон и се полека мешајте во блендерот додавајќи го постепено маслиновото масло. На крајот додадете зачини по желба како сол, ким, бибер, коријандер, а ако сте љубител на луто, можете да додадете и малку чили.

Готовиот намаз ставете го во тегла или покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер да се олади. Предлагаме да го послужите намачкан на потпечено лепче, посипан со сусам и исечкани маслинки.

Совет: Ако користите свеж сув слануток, најдобро е да го потопите во вода и да го оставите преку ноќта, а потоа да го сварите, за полесно да се вари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button