LIFESTYLEВирално

Хуманост на дело – Битолчани спасија кутре паднато во Драгор (Фото)

Advertisement

Во Битола повторно заблеска духот на солидарноста. Група граѓани, без трошка двоумење, влегле во водите на реката Драгор за да извадат мало кутре кое се нашло во опасност, информира страницата „Бабам Битола“.

Според објавата, сведоците на настанот не размислувале ни секунда кога го виделе беспомошното животно во реката. Со брза реакција успеале да го извлечат и да го донесат на сигурно, иако водата била студена и надојдена.

Advertisement

„Не му беше ни ладно, ни шубе дека ќе се напрат жива вода. Битолчани ја покажаа својата човечност“, стои во нивниот статус.

Фото: Фејсбук/Бабам Битола

Идентитетот на спасувачите засега не е познат, но администраторите на страницата ги охрабруваат сите кои ги препознаваат да се јават, со цел да им се оддаде заслужено признание.

Овој мал херојски чин е уште еден доказ за сплотеноста на битолската заедница и нејзината подготвеност да помогне кога е загрозен живот, без разлика дали е човечки или животински.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button