Околу празниците треба да се сетиме на оние на коишто им е потребна љубов, грижа и внимание.
Општествено одговорните компании го прават тоа редовно, подготвуваат донации за дечиња, загрозени фамилии.
Една од нив е и СТОКОМАК. Оттаму најавија прекрасна хуманитарна акција.
Со купување на книгата за деца „САНДАЛИ БЕЗ ПАРИ“ од авторката Јасмина Јошевска помагате на децата во Центарот за поддршка и помош на деца и лица сo попреченост ,,Сложувалка Срце” од Битола.
„СТОКОМАК“, книга за деца САНДАЛИ БЕЗ ПАРИ од Јасмина Јошевска во издание на ЕДУКА МАК со акциска цена од 159 денари.
✅ Средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани за Нова година и за новогодишни пакетчиња на децата во Центарот за поддршка и помош на деца и лица сo попреченост ,,Сложувалка Срце” од Битола.
🙋Ајде, сите заедно да ја покажеме нашата великодушност и да ги израдуваме овие деца! – стои во објавата на Фејсбук.
Бевме во СТОКОМАК,но не известија дека се уште не се пристигнати книгите, но ги очекуваат во секој момент.
Подоцна османа и соопштение на нивната страна во кое наведуваат дека поради логистички причини е пролонгирана доставата.
Сакавме да споделиме со вас бидејќи знаеме дека и меѓу нашите читатели се кријат многу хумани луѓе.