Хуманитарен концерт под мотото „Ние рокерите и раперите сме посилни од ајдуците!“ во Штип
Во петок на 20 февруари во штипскиот клуб Мистик (некогашна стоковна куќа Нама) ќе се одржи хуманитарен концерт за Иван Стојанов.
На концертот ќе настапат скоро сите позјачајни штипски групи, изведувачи и солисти. Влезниците ќе бидат по симболична цена од 50ден, а на шанковите ќе има поставено кутии за донации
Иван Стојанов e 24 годишно момче од Штип кое има речиси комплетен прекин на нервните патишта на р’бетниот мозок како последица од операција на циста на вратот, со дијагноза Quadriparesis. Тој е неподвижен, но современата медицина денес му нуди втора шанса.
Докторите од Кина му дадоа надеж дека со трансплатација на матични клетки ќе може повторно самостојно да се движи. Но, за неговото лекување во „Wu Stem Cells Medical Center“ (центар за матични клетки во Пекинг) Кина се потребни 26 000 евра. Тој очекува парите да бидат собрани до април, а досега се собрани само половина од потребните средства. Останува уште еден месец за да ја собере целата сума и да замине во Кина и во најбрзо време да може повторно да застане на нозе. Нашата хуманост е негова надеж да застанe на свои нозе.
„Да бидеш хуман…значи да бидеш човек..да бидеш човек значи да му помогнеш на оној кој што бара помош..помагајки на другите си помагаме на самите себе” велат организаторите на овој настан.
За сите оние кои не се во можност да дојдат на настанот, а сакаат да помогнат за операцијата на Иван, тоа можат да го направат на:
Тутунска банка
Трансакциона сметка:
210700000616959
Девизна сметка:
Name/Surname IVAN STOJANOV
Adress: PANCE KARAGJOZOV BR 19B STIP
IBAN Code MK07210501679593558
Bank Name NLB TUTUNSKA BANKA A.D. SKOPJE
Bank Adress Majka Tereza br. 1
Country MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22
Броеви:
077 143 776
070 143 155
Повеќе за настанот можете да прочитате тука »